Стотици илјади ја гледаат акробацијата на Марион , танцува обесена на нејзината коса (ВИДЕО)

Танчерката Мерион Крампе го издигна танцувањето на шипка на сосема ново ниво.

Покрај тоа што воопшто нема шипка, сега Мерион танцува обресена на нејзината коса.

Иако е невозможно да објасни дека не е болно, нејзината вештина ве остава без здив. И не само оние што го виделе настапот, туку дури 234 илјади обожаватели кои ја следат на Инстаграм.

Дел од патот кон Пониква во прекин поради полициска вежба

Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот .

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Меланија Трамп го имаше последното обраќање во Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, утре ќе ја напушти Белата куќа.

По тој повод таа и се обрати на нацијата и истакна неколку проекти кои во последните четири години ги спроведе фамилијата Трамп, кога станува збор за обновата и одржувањето на Белата куќа.

„Во 2020 година нашата земја претрпе разорни и неочекувани загуби на живот заради пандемијата на ковид-19. Како што се ближи крајот на ова поглавје, важно е да се препознаат бројни луѓе без кои мојата улога на прва дама не би била можна“, нагласи Меланија и се заблагодари на сите вработени во Белата куќа кои помогнале на проектите кои ги работела.

Јавниот превоз денеска во Скопје по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред.

Посочуваат дека исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Изменетиот посочен режим, информира ЈСП, е поради верскиот празник Богојалвение (Водици).

притисни ентер