Стотици фанови со часови чекаа за да ја купат старата облека на пејачот Крис Браун (ВИДЕО)

Познатиот американски пејач преку социјалните медиуми најави дека во дворот на неговата куќа ќе ја продава својата стара облека , што предизвика невиден метеж и километарски колони .

Стотици фанови чекаа во ред за да купат носена дизајнерска облека во куќата на Крис Браун. Американскиот пејач објави дека ќе ја продава облеката и додатоците по намалена цена преку социјалните мрежи.

Браун претходно доби пет години условна казна и наредба за општествено корисна работа поради нападот над Ријана, која во тоа време беше негова девојка.

Партијата „Левица“ поднесе кривична пријава против екс претседателот на уставен Ивановски

Политичката партија левица денеска во Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд Никола Ивановски.

Стојаноска: Граѓаните се жалат на хаосот кој владее во МНР

Од куќата на Чаковци, која денес ја посетивме со останатите кандидати за пратеници, сакам да ги пренесам актуелните проблеми на моите сограѓани Турци. 

Дафина Стојаноска, носителот на листата во ИЕ 6 попладнево во рамки на презиборните активности, го посети семејството Чако, чија куќа е дел од националното културно наследство изградена во средината на 18 век и имаше средба со припадниците на турската заедница во Гостивар.

Заедно со кандидатот за пратеник Фуркан Чако, разговараа со сограѓаните за актуелните состојби и нивните проблеми.

– Од куќата на Чаковци, која денес ја посетивме со останатите кандидати за пратеници, сакам да ги пренесам актуелните проблеми на моите сограѓани Турци. Тие во неизвесност ги чекаат своите роднини од гурбет и неизвесно им е заминувањето на оние кои треба да заминат на работа во странство. Се жалат на хаосот кој владее во МНР, заради кој не можат ни едните, ни другите да тргнат на пат. Имало и случаи да тргнат, па од пола пат да ги вратат. Затоа, не се задоволни од оваа власт. Бидејќи, не се снајде ниту со короната, ниту со економијата, ниту со дипломатијата, рече Стојаноска.

Таа се осврна и на настапите на политичките опоненти во шестата изборна единица и нивните ветувања, кажани на предизборните собири.

– И додека едни партии излегуваат со исти препакувани лаги, додека други се закануваат со војни или со предизборни условувања, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата „Обнова на Македонија" се обврзува на мерки и проекти, подеднакво достапни за сите. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повеќе за секого, без разлика на партиска или етничка припадност, подвлече Стојаноска

Таа од сограѓаните ја побара поддршката за претстојните избори, нагласувајќи дека на 15 јули, бројот 14 е избор за обнова и избор за исправена Македонија.

Антикорупциска ќе ја истражува владината помош за здруженија и фондации

Антикорупциска отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од корона вирусот.

Приговорот е поднесен од опозициската ВМРО ДПМНЕ а во него наведува дека е прекршен Изборниот Законик со исплата на пари во време на изборна кампања. Антикорупциска утврдила дека и за кратко време Комисијата во рамки на Генералниот секретаријат ги разгледала апликациите, но и дека не определила конкретни рокови за исплата на паричната помош.

Од владиниот генерален секретаријат пред антикорупционерите тврдеа дека иако во кратко време сите 549 апликации биле детално разгледани, а исплатата во време на изборна кампања ја правдаат со претходно донесена одлука на Влада.

Сепак забелешката на Антикорупциска е дека исплатата на паричните средства можела да се оствари и по завршување на изборите.

На сметка на здруженијата и фондациите кои ги исполниле условите за да добијат помош легнале околу 30 милиони денари.

притисни ентер