Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
1Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
ЖивотСтотици ајкули ги демнат нуркачите во плитките води на Австралија (ВИДЕО)Стотици ајкули се видени во плитките води покрај Бајрон Беј на источниот брег на Австралија, привлечени од јата мали риби, објавија локалните медиуми.Во текот на викендот, жителите снимаа црни и сиви ајкули, како и ајкули-бикови, како кружат околу брегот и се хранат со јата риби, објави Гардијан. Дронови го снимија сето тоа Видеата од плажата Талоу, на кои се гледа како ајкули намамуваат јато кон карпите додека нуркачите се во близина, брзо се проширија на социјалните медиуми. Локалните фотографи, кои користеа дронови за да ги снимат сцените, проценуваат дека во еден момент имало повеќе од сто ајкули во водата. Експертите велат дека ова однесување на морските предатори е природен феномен, но исто така предупредуваат дека морето во такви услови не е безбедно за пливачите. „Луѓето треба да ја почитуваат природата“ „Луѓето треба да разберат што гледаат и да ја почитуваат природата, бидејќи ајкулите имаат изразен режим на хранење во тоа време“, рече еден од истражувачите на морската средина од Австралија. Вчера јатата мали риби се повлекоа, а ајкулите речиси исчезнаа од плитките области, според локални извори.Тагови: Австралија ајкули Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАктивни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина ЧашкаСе уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПравославната црква ја одбележува Голема БогородицаПравославната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40