Сторија на Канал 5: Како Биба Додева го победи вирусот? - Канал 5

Сторија на Канал 5: Како Биба Додева го победи вирусот?

Успешно го поминав но и многу тешко, нешто ново и непознато.

Сторија на Канал 5: Како Биба Додева го победи вирусот?

Биба Додева и 2020 година во нејзиниот живот. На крајот на оваа година Биба позитивна во емоциите, негативна и на последниот тест од корона вирусот.

Ја заврши 2020 година со големи победи и како што вели се уште со последици од вирусот - мало задишување во зборувањето, но со голема енергија и желба раскажа што е корона вирусот и што треба да се знае. Испреплетна година вели Биба и успеси и цела болница дома на болни со ковид, но на крај имате лекција што е важно во животот и што треба да научиме. Како што вели во секое лошо и добро. Кај неа лошто пристигнало брзо.

Првите денови имала страшни болки во грбот, на почетокот ги обвинувала високите потпетици, но сите симпоти потврдиле дека се заразила со Ковид 19.

Тежок и долг период на лекување. Во болница не била хосптирализарна но одела редновно на терапија и на конторли.

Најголема поддршка имала од пријателите, пеењето било она што помогнало истите вежби во дишењето ги применила и во подобрување на сатруацијата. За песните што ги пее вели дека и ги доживеала и преживеала.

Најсреќна е што нејзините пријатели останале пријатели цело време во оваа состојба.Најважна е психолошката поддршка и сите да бидат внимателни во период за празниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија

Каков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.

Мицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија

Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар.

Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот.

Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет.

Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог.

Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси.

Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Многу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски.

Во видеото погледнете ја целата ретроспектива.

-Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?

Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски .

Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?

Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски кој лично побарал да се провери нејзиното здравствено досие.

Михаилова на клиниката се јавила еден и пол месец по сообраќајката во која е обвинета дека ја предизвикала и таму била задржана три дена. Лекувањето го извршил доктор Иван Барбов кој констатирал дека Михаилова има скршен пршлен што ѝ предизвикало проблеми со движењето.

Барбов за Канал 5 појаснува дека таа немала здравствено осигурување во Македонија, а методот на лекување што ѝ го препорачал најблиску го имало во соседна Бугарија.

Тврди дека не знаел за обвинението на Михаилова како учесник во сообраќајна несреќа.

Михаилова втор ден е во клиниката Пирогов во Софија на лекување. Од таму за Канал 5 потврдуваат дека таа е хоспитализирана таму, но не откриваат каква дијагноза утврдиле кај неа.

Министерот за здравство Сашо Клековски, пак, во актуелната ситуација не гледа здравствен случај. Се сомнева дека Михаилова се решила на бегство по најавите дека ќе дојде лекарски конзилиум од Бугарија за со македонските колеги заеднички да ја констатира нејзината состојба.

Михаилова побегна во Бугарија само два дена откако министерот Муцунски по средбата со бугарската колешка Петрова Чамова во Софија соопшти дека како гест на добра волја, Македонија е подготвена да дозволи тим бугарски доктори да дојдат и да се запознаат со нејзината здравствената состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер