СветСтолтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен - Лани Финска се приклучи на семејството на НАТО, минатата недела Шведска стана 32-ри сојузник, а Украина е поблиску до НАТО од кога било досега. Така што НАТО сега е поголем и посилен, истакна Столтенберг. Рускиот претседател Владимир Путин започна војна обидувајќи се да ја затвори вратата на НАТО, но не успеа во тоа. Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен, изјави генералниот секретар Јенс Сетолтенберг на денешната прес-конференцијата во Брисел на која го презентираше својот Годишен извештај за 2023 година. - Лани Финска се приклучи на семејството на НАТО, минатата недела Шведска стана 32-ри сојузник, а Украина е поблиску до НАТО од кога било досега. Така што НАТО сега е поголем и посилен, истакна Столтенберг. Тој нагласи дека Годишниот извештај ги сумира сите различни активности и работи што се случија во рамките на Алијансата во текот на минатата година, како и главните достигнувања - зајакнатата одбрана, новите воени планови, поголемиот број сили во зголемена готовност и зголемените инвестиции во одбраната. Столтенберг, како што јави дописникот на МИА од Брисел, посочи дека последното истражување на јавното мислење во земјите членки на НАТО покажуваат дека поддршка за Алијансата е исклучително силна од двете страни на Атлантикот. - Доколку денеска би се одржало гласање, огромно мнозинство граѓани низ сојузничките земји би гласале за НАТО. На пример, во САД само 13 отсто би гласале против. Над 80 отсто од нашите граѓани веруваат дека Северна Америка и Европа мора да продолжат да работат заедно за нашата заедничка безбедност. Така, ширум Алијансата, поддршката за НАТО останува цврста, истакна Столтенберг. Тој нагласи дека, според истражувањето, граѓаните на земјите членки на НАТО, исто така, продолжуваат да изразуваат силна солидарност со „храбрите Украинци“. - Низ Алијансата, вкупно две третини од луѓето сакаат нивната земја да продолжи да ја поддржува Украина. Ова е важно, бидејќи сојузниците на НАТО обезбедуваат 99 отсто од целата воена помош, додаде Столтенберг. Генералниот секретар на НАТО потсети дека и во 2023 година, Алијансата продолжи да обезбедува поддршка за Украина доставувајќи и артилерија, муниција, тенкови, оклопни транспортери, патролни чамци, противвоздушна одбрана, хеликоптери, дронови, радари, проектили со голем дострел, ракети и авиони Ф-16. - Неколку сојузници сега потпишаа билатерални безбедносни договори со Украина. Невидената помош од сојузниците на НАТО и помогна на Украина да опстане како суверена и независна нација. Но, на Украина и треба уште поголема поддршка и и треба сега. На Украинците не им снемува храброст, им снемува муниција, потенцира Столтенберг. Тој истакна дека членките на НАТО имаат капацитет да и го обезбедат на Украина сето она што и е потребно, но треба да покажат политичка волја и брзо да испорачаат, бидејќи секој ден одложување создава реални последици на украинското бојно поле. - Значи, ова е критичен момент и би било тешка историска грешка да му се дозволи на Путин да доминира. Не можеме да дозволиме авторитарните лидери да постигнат успех со употреба на сила. Тоа би било опасно за сите нас, заклучи Столтенберг. Првиот човек на НАТО потенцира дека лани Алијансата ја постави својата одбрана на уште поцврста финансиска основа, со тоа што деветта година по ред се бележат зголемени инвестиции во одбраната низ Европа и Канада и раст на одбранбените расходи за 11 проценти. - Во 2024 година, сојузниците на НАТО во Европа ќе инвестираат вкупно 470 милијарди американски долари во одбраната. Тоа првпат изнесува два отсто од нивниот вкупен БДП. Оваа година, две третини од сојузниците ќе ја исполнат „целта од два проценти“, за разлика од само тројца сојузници во 2014 година кога договоривме зголемување на инвестициите во одбраната, рече Столтенберг. Тој истакна дека во текот на минатата година НАТО ги продлабочи односите со своите истомисленици, вклучително и со пријателите во индо-пацифичкиот регион и со Европската Унија, но и со партнерите во индустријата. - Во 2023 година го договоривме новиот Акциски план за одбранбено производство. Да се зголеми производството, да се зајакне ангажманот со индустријата и да се зголеми интероперабилноста. Оттогаш, НАТО склучи договори во вредност од десетици милијарди долари за муниција и за клучните капацитети. Ова е важно за нашата безбедност и за Украина, додаде генералниот секретар на НАТО. Столтенберг нагласи дека НАТО ги повикува европските партнери да инвестираат повеќе во одбранбената индустрија и да ги зголемуваат трошоците за набавка на муниција и воена опрема. Според него, не може да има различни цели во планирањето на одбраната за една земја во рамки на НАТО и на ЕУ и затоа треба заеднички да се работи и Алијансата и Унијата блиску да соработуваат во утврдување на трошоците за одбранбената индустрија. Тој потенцира и дека новиот иновациски акцелератор на НАТО – ДИАНА двојно ќе ја зголеми својата мрежа со над 200 пунктови на двете страни на Атлантикот, кои ќе се фокусираат на решавање на најголемите одбранбени и безбедносни предизвици и на зајакнување на технолошка предност на Алијансата во области како вештачката интелигенција, кибер безбедноста и 5Г и хиперсоничната технологија. Столтенберг нагласи дека во годината кога ја одбележува 75-годишнината од своето формирање, НАТО се наоѓа на важна пресвртница и мора да продолжи да се прилагодува за иднината. - Очекувам дека ќе преземеме дополнителни чекори за поддршка на Украина, ќе ги зајакнеме нашите ресурси и одбраната и ќе ги продлабочиме нашите партнерства низ целиот свет. Во непредвидлив свет, НАТО е важен повеќе од кога било. На нашата 75-годишнина, ќе продолжиме да го демонстрираме нашето единство, солидарност и решителност, заклучи Столтенберг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска.Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска, на која се разговараше за организацијата на две значајни меѓународни спортски натпреварувања што ќе се одржат во Македонија, во септември следната година. Станува збор за Балканското првенство во џиу-џицу и Европското првенство во контакт џиу-џицу, на кои се очекува учество на повеќе од 1.300 натпреварувачи. Во рамки на посетата на Скопје, претставниците на Европската џиу-џицу федерација извршија увид во сместувачките капацитети и натпреварувачката сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат натпреварувањата. Министерот Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка за успешна организација на првенствата. „Организацијата на вакви големи меѓународни натпреварувања е значајна можност за македонскиот спорт и за промоција на нашата држава. Како Министерство за спорт ги поддржуваме ваквите настани и ќе настојуваме да обезбедиме услови Македонија да биде успешен домаќин“ - истакна министерот Ристовски, соопштуваат од МС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЕвропаБрод со 7.000 тони дизел се преврте во близина на Ибица, има жртви (ВИДЕО)Еден член на екипажот загина, а шестмина се полесно повредени во несреќата на товарниот брод „Мед Емре“, кој превезуваше 7.000 тони дизел гориво, и се преврте рано утрово во близина на шпанскиот остров Ибица.Бродот со малтешко знаме пловел од јужното шпанско пристаниште Алхесирас кон Барселона. Не потонал целосно, туку делумно останал на површината на морето, превртен на страна, соопшти Шпанската поморска служба за спасување (Салваменто Маритимо). Спасувачки авион го забележал уништениот брод во 9:26 часот наутро, околу 19 наутички милји северозападно од Ибица. Досега не се забележани знаци на загадување на морето во областа на несреќата, соопшти шпанското Министерство за еколошка транзиција. Мрсни дамки Директорот на Управата за вонредни состојби на Балеарските Острови, Пабло Гарис, изјави дека на површината на морето се забележани одредени масни дамки, што е честа појава во вакви ситуации, но засега нема потврда за излевање на гориво. Пристанишната управа на Валенсија и сопственикот на бродот работат на план за спасување на бродот, но пред тоа е потребно да се обезбеди неговата структурна стабилност. Регионалната влада на Балеарските Острови го стави пристаништето Сант Антони на располагање на спасувачките служби како логистичка база. Primeras imágenes del barco Med Emre, que ha volcado cerca de la cosa de Ibiza. En él había 17 tripulantes. Todos pudieron ser rescatados, pero uno de ellos murió. Todavía se desconoce el impacto medioambiental (cargaba 7.000 toneladas métricas de gasoil) https://t.co/GjSluqwuG8 https://t.co/95VaCcKMfB — Angy Galvín (@AngyGalvin) November 26, 2026 Причината за превртувањето на бродот сè уште не е позната, а криминалната полиција на Цивилната гарда започна истрага. Проблеми со навалување на бродот Координативниот центар за поморско спасување во Валенсија доби повик за помош во среда во 22:30 часот. Неколку минути подоцна, екипажот пријавил дека морето навлегло во бродот и наклон од приближно 90 степени. Несреќата се случила кратко по полноќ, околу 30 наутички милји северозападно од Ибица. На бродот имало 17 членови на екипажот од индиско и турско потекло. Седум од нив биле евакуирани на Ибица, од кои шест биле транспортирани на аеродромот, а еден директно во болницата Кан Мисес, каде што била потврдена неговата смрт. Тој е 46-годишен турски државјанин. Шестмината повредени биле згрижени од екипи за итна медицинска помош. Сите претрпеле полесни повреди, а главниот здравствен проблем била хипотермијата. Во спасувачката операција учествувале три хеликоптери, еден авион и еден брод специјализиран за интервенции во случај на излевање на загадувачки супстанции.Тагови: брод Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаМицкоски: Следните две години ќе бидат предизвикувачки, но ќе ги реализираме преземените обврскиНа седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат. На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат. „Следните две години ќе бидат прилично предизвикувачки во смисла дека е потребно да се вратат, да се презапишат стари долгови и да се врати каматата, и тоа да се финансира буџетскиот дефицит и капиталните инвестиции, некаде околу 5 милијарди евра. Не зборувам за поголеми трошења, туку за трошења каде што буџетскиот дефицит ќе се движи до 3,5% од БДП. Тоа е навистина едно добро ниво, имајќи ги предвид состојбите во другите земји во Европа. Италија и Франција се над 5-6%, на пример. Треба да излезете на меѓународниот финансиски пазар и да барате пари. Во времето на короната светот велеше ‘полесно беше затоа што се печатеа пари’, сега таква ликвидност немаме. Тоа значи дека тоа ни претставува дополнителен притисок и предизвик, но убедени сме дека ќе го обезбедиме тоа што е потребно и притоа треба да обезбедиме тековна ликвидност за тековните проекти“, рече Мицкоски. Мицкоски истакна дека е убеден дека и покрај предизвиците, обврските кои како Влада се преземени, потенцирајќи ги тука колективните договори во здравството, образованието, администрацијата, судството и обвинителството, ќе бидат реализирани, вклучително и зголемувањето на пензиите и социјалните трансфери. „Кај социјалните трансфери имаме една работа којашто почесто ќе треба да ја комуницираме. Работевме една ревизија со Министерството за социјална политика, демографија и млади. Отприлика имаме околу 4.000 корисници на ГМП, тоа е гарантирана минимална помош и социјална сигурност, коишто немале право да користат. Кога тоа ќе го сведете во пари, ќе дојдете до половина милијарда денари. И сега, тоа што е останатото, го работат со Министерството за внатрешни работи, ги мечираат базите, да видиме дали тие луѓе што се корисници се тука и навистина треба да бидат корисници. Сега, замислете вие, половина милијарда денари годишно одат онаму каде што не треба да одат. И ќе повторам, тука имаат различни етнички состави, од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Куманово. Буквално, секаде. Тоа било системски“, истакна Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter