Столтенберг : Наредните месеци ќе ви бидат напорни , но денес е ден за прослава

"Пред малку потпишав писмо со кое го информирав премиерот Заев за одлуката на НАТО да ја покани неговата Влада да ги почне разговорите за пристап во Алијансата", рече Столтенберг по доделувањето на поканата за членство на премиерот Зоран Заев.

Церемонијата следуваше по одлуката на лидерите на НАТО на Бриселскиот самит да ја поканат Владата во Скопје да ги започне разговорите за пристапување за членство во Алијансата, откако ќе бидат исполнети условите од договорот меѓу Атина и Скопје.

"Долги години припадниците на вашите вооружени сили учествуваа во сојузничките мисии. Помагаа за да се донесе мир и безбедност во Авганистан. НАТО покажа дека вратата за влез во Алијансата е и останува отворена ", рече генералниот секретар.

Тој истакна дека договорот за прашањето за името што го постигна владата во Скопје со Грција ја отстрани пречката за отворање на разговорите за пристап.

"Знам дека компромисите кои беа вклучени беа тешки за двете страни. Но, верувам дека договорот е во најдобар интерес на вашата земја и на поширокиот регион. Ви честитам Вам и на сите оние кои се вклучени за нивната политичка храброст. И нивната посветеност кон подобра иднина ", рече тој.

Столтенберг истакна дека ова е круцијален чекор што го отвори патот за полноправно членство во НАТО. Тој најави дека сега ќе започнат детални разговори за пристап, за да и помогнат на земјата да ги направи последните подготовки за членство.

"Откако сите ваши национални процедури ќе бидат комплетирани, а сите сојузници на НАТО го ратификуваат вашето пристапување, ќе станете триесеттиот член на оваа Алијанса. Со место на нашата маса. Со еднаков глас во нашите дискусии. Еднаков глас во нашите одлуки. И безбедноста што доаѓа со тоа што е дел од најуспешниот воен сојуз на светот. Тоа ќе биде горд и важен ден за вашата земја. За вашиот регион. И за НАТО. Ние сакаме да ве видиме вас и вашата земја во срцето на стабилен, демократски и просперитетен регион ", рече генералниот секретар.

Столтенберг рече дека денес е важна пресвртница во постигнувањето на таа цел и дека наредните месеци ќе бидат исклучително напорни.

"Но денес е ден за прослава. Значи, ви честитам, премиере Заев. И честитки до вашиот народ ", рече тој.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер