Стојменовски: Ќе создадеме нов лик на Делчево како одржлив и урбан град и развиени села

„Ова што го гледам пред мене вечерва е навистина величествена глетка. Ова е доказ дека е дојдено времето за напредок, време за пресврт, време за да се создаде нова иднина, сега! Делчево тоа го бара од нас, на Делчево тоа му го должиме".

Ова го истакна кандидатот за градоначалник на општина Делчево, Николчо Стојменовски вечерва на митингот.

Стојменовски додаде дека е горд што може да види сплотен народ кој стои рамо до рамо, еден до друг, онака како што стоеле генерации Македонци пред клучните моменти кога се дефинирала историјата. Затоа што денеска заеднички создаваме почеток на една нова приказна за нашето Делчево. Тоа ќе биде приказна на заедништво, приказна на разбирање и толеранција, приказна за многу нови проекти, за успех на секој граѓанин на Делчево.

„Вечерва не сакам да зборувам за лагите на оние во чии раце досега беше Делчево, со тие лаги живееме секој ден, постојано не мачат и многу добро ги знаеме. Затоа вечерва ќе зборуваме за иднина и за промени кои мора да се случат час поскоро. Добро се познаваме, и добро ја знаете мојата визија, знаете дека со овој тим на млади и способни луѓе ќе отвориме ново поглавје за развој на Делчево. Ќе создадеме широки можности за секого да ги реализира своите идеи и планови и сето тоа базирано на нашите знаења и напорна работа. Ќе го поддржиме прогресот и успехот на сите луѓе во Делчево. Ќе создадеме нов лик на Делчево како одржлив и урбан град и развиени села", нагласи Стојменовски.

Стојменовски вечерва на граѓаните вети дека Делчево ќе биде општина која ќе има квалитетна вода за пиење во секое домаќинство, пред секој дом ќе се донесе модерна и современа улица. Знае како да се справи со отпадот и да се победи во борбата за обезбедување на здрава животна средина. Решен е општина Делчево да биде мал и ефикасен сервис за сите граѓани на Делчево и потенцијални инвеститори кои ќе отворат нови работни места во нашиот град и ќе ги подобрат платите на постојните вработени.

„Ќе посветиме огромно внимание, знаење и енергија во суштинскиот локален економски развој на Делчево. Оваа планина Голак, оваа река Брегалница се наше непроценливо природно богатство, но пред се огромен потенцијал. Туристичкиот локалитет Голак ќе го добие реконструирано и функционално детско одмаралиште, подобрено водоснабдување и решени имотно-правни проблеми кои го кочеа неговиот развој. Ќе создадеме нова општинска индустриска развојна зона во Делчево со поволности за сите идни инвеститори. Ќе ја развиеме и докомплетираме постојната сервисна зона", рече Стојменовски.

Стојменовски укажа дека секое село ќе го претвори во своевидна рурална развојна зона со серија мерки, субвенции и поволности за луѓето и бизнисите на село.

„Долги години беше ветувана филтер станицата на брана Лошана. Дојдено е времето со знаење, со посветеност и ажурност таа да биде изградена. И не само тоа! Ќе го реконструираме главниот доводен цевковод на вода за пиење за град Делчево, при што ќе ги изградиме главните цевководи за селата Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор. Селата Вирче, Ѕвегор и Бигла ќе добијат целосно нови водоводни мрежи", рече Стојменовски.

Стојменовски додаде дека централното градско подрачје на Делчево ќе добие целосно нов урбан лик со изградба на градските улици, кејот на река Брегалница, нови мостови, паркинг места со особен акцент на градското зеленило во центарот на Делчево.

„Но, решен сум уште од првиот ден после 17-ти октомври да се зафатам посветено да ги рализирам ветените проекти. За таа цел е потребна убедлива победа на 17-ти октомври! Победа за промена, победа за проекти", појасни Стојменовски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Македонија и Албанија

Корча, април 2024 – Преземајќи значаен чекор за целите за пристапување кон Европската унија, Македонија и Албанија денеска заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.

Финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, оваа Програма ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со стандардите на ЕУ за одржлив развој и регионална интеграција до 2027 година.

Дополнително на промоцијата, беше најавен и предстојниот повик за предлози во рамките на програмата ИПА 3, поканувајќи заинтересирани страни да учествуваат во оваа Програма.

„Оваа иницијатива не само што се фокусира на клучни области како што се еколошката одржливост и социо-економскиот развој, туку исто така претставува клучен чекор кон нашата конечна цел за интеграција во ЕУ. Токму денеска најавуваме дека новиот повик за предлози ќе биде отворен многу наскоро, обезбедувајќи можности за конкретни и клучни проекти“, изјави Алтин Зечо, директор за конвергенција и кохезија со ЕУ, Државна агенција за стратешко планирање и координација на помош (САСПАК).

Зечо дополнително истакна дека членство во ЕУ бара зголемена соработка помеѓу нашите две земји, каде координирањето на заеднички политики и меѓусебната поддршка за постигнување на нашите цели и приоритети кон интеграција во ЕУ останува важен процес.

Вулнет Арифи, шеф на одделот за ЕУ и координатор за СБС, при Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија, ја истакна улогата на Програмата во забрзувањето на аспирациите за членство во ЕУ.

„Со изградба на основите поставени од ИПА 2, оваа Програма не само што ја проширува соработката меѓу земјите, туку и повеќе ги усогласува нашите регионални политики со стандардите на ЕУ, отворајќи го патот за нашето очекувано пристапување. Претстојниот повик за предлози дополнително ќе ги активира нашите заедници да се ангажираат длабоко со нашиот процес на интеграција во ЕУ“, изјави Арифи.

Брисеида Ѓоза од Антена канцеларијата Македонија - Албанија го истакна целосниот пристап на програмата: „ИПА 3 е детално креирана за да ги зголеми нашите регионални капацитети за исполнување на критериумите на ЕУ, фокусирајќи се на климатска отпорност, одржлив туризам и зачувување на културното наследство. Ги охрабруваме заинтересираните страни да се подготват за претстојниот повик, кој ветува дека ќе ги зајакне нашите заеднички напори.“

Ова стратешко вложување од ЕУ преку Програмата ИПА 3 е доказ за постојаните напори на Македонија и Албанија за влез во ЕУ, испраќајќи директна порака за нивното патување кон европската интеграција.

Можни ли се црни сценарија и пресврт на изборите на 8 мај?

Лидерот на СДСМ Ковачевски имал разговори со другите политички партии после претседателските избори, но демантира дека неговата коалиција крои план за бојкот на вториот круг како што тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. 

За евентуална политичка одговорност и оставка од лидерската позиција во СДСМ вели дека одлуки се носат во партиските органи, во меѓувреме вели дека пораката од граѓаните за лошиот исход е примена, а за 8 мај се надева на подобар резултат.

-Тоа не е точно, јас вчера имав многу јасна порака на митинзите во Сарај и Чучер Сандево. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на 8 мај и да ги поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата За европска иднина на парламентарните избори. Имаме разговори со политичките партии на различни нивоа и ги повикувам сите да имаме масовна излезност на 8 мај,- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ.

Мицкоски на синоќешниот митинг во Кичево кажа дека во противничките штабови се подготвувале две можни сценарија за двојните избори на 8 мај, од кои едното е бојкотирање на претседателските избори, за да не се достигне неопходниот цензус од 40 отсто. Според него, ниту еден план на СДСМ и ДУИ немало да успее, бидејќи очекува масовна излезност на гласачите со зголемување на предноста на ВМРО-ДПМНЕ.

-И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим…- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ (Кичево, 25,04,2024).

За евентуален бојкот на вториот круг досега нема официјален одговор од партиите од албанскиот блок. Единствено Скендер Реџепи од Европскиот фронт кажа дека за ова прашање ќе се дискутира на нивните идни средби, а дека лично тој не би гласал за ниту еден од двајцата кандидати, бијдеќи досега се покажало дека Македонците не научиле да гласаат за Албанец.

Инаку, за да се постигне цензусот на овие претседателски избори потребно е на гласачките места да излезат повеќе од 725 илјади гласачи. Сиљановска и Пендаровски во првиот круг заедно освоија нешто над 540.000 гласови.

Пожар изби во куќа зад Универзална сала, интервенираа противпожарните екипи

Избегната трагедија во скопски центар, со херојска реакција на соседите во последен момент спасени се 80 годишен маж и неговата сопруга, по пожарот кој избил во нивниот дом позади Универзална сала.

Нивниот сосед Александар Петковски, сопственик на кафеаната од спротива вели само што го виделе чадот, со неговиот вработен без размислување притрчале во помош соочувајќи се со огнот, свесни дека таму живеат повозрасни и изнемоштени лица и дека ќе им треба помош да се евакуираат.

-Тука сме комшии со луѓето, наеднаш искочи некој пожар, почна да се крева некоја паника, ние како комшии, како добри соседи, пријатели, излеговме во пресрет, влеговме во да видиме што се случува таму, наеднаш настана некоја фама, некоја галама, дадовме се од себе им рековме на луѓето да излезат, да им помогнеме, тоа е што видовме, страшно, жално , -Александар Петковски – Сосед.

Куќата чија внатрешност се претвори во пепел, е изградена во 1936 година, а според она што ни го кажаа на терен, сопствениците се сомневаат дека до пожарот дошло поради палење на инсталацијата.

Сопствениците се сомневаат дека пожарот настанал од полнач приклучен во спалната соба, а пламенот се проширил за неколку секунди низ целата куќа.

По само кратко време од пријавувањето пожарникарите, брзата помош и полицијата се појавиле на самото место. Сопствениците биле веднаш прегледани од медицинските екипи, кои констатирале дека се во добра состојба. Пожарникарите пак кои го локализираа огнот, неколку часа се бореа целосно да го изгаснат истиот, а најмногу главоболки им создадоа даските на таванот..

Увид во состојбата направиле и инспектори на О. Центар. Од таму за Канал 5 ТВ велат дека во вакви случаи следува еднократна парична помош, но дури откако МВР и ОЈО ќе ја утврдат причината и ќе направат записник за материјалната штета. По собирањето на комплетната документација, велат, сопствениците можат да поднесат барање до локалната самоуправа.

притисни ентер