Стоилковска, Србљак и Марковски дел од фјучерсот во Куршумлијска Бања - Канал 5

Стоилковска, Србљак и Марковски дел од фјучерсот во Куршумлијска Бања

Магдалена Стоилковска во женска, како и Горазд Србљак и Обрад Марковски во машка конкуренција ќе настапат оваа недела на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања.

Стоилковска, Србљак и Марковски дел од фјучерсот во Куршумлијска Бања

На женскиот дел од турнирот Стоилковска ќе настапува во сингл и во конкуренција на двојки. Во првото коло денеска ќе игра против носителката број 6 Сабина Дадациу од Романија (22 години, 997. место ВТА), а заедно со романската тенисерка ќе настапуваат во двојки и во првото коло ќе играат против српско-романската комбинација Јована Грујиќ и Паула Михаела Оница.

На машкиот дел од турнирот Србљак ги чека противникот од квалификациите, кои се играат и денеска, додека Марковски во првата рунда ќе игра 17-годишниот тенисер од Србија Алекса Писариќ.

Во квалификациите на овој турнир настапуваше и Шендрит Деари, но беше запрен во второто коло од квалификациите откако загуби од Русинот Максим Крапивин со 2-1 во сетови (61 46 5:10 на поени), додека во првото коло го победи Никола Митровиќ од Србија со 2-0 во сетови (60 75). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Од 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ги надмина рамките на класичен фестивалски настан и стана дел од културниот идентитет на градот.

“Некои градови имаат фестивал. Овој фестивал има град.” - истакнуваат организаторите преку своите социјални медиуми. И додаваат… Град како сцена. Улици како културна институција. Музика како причина луѓето да се сретнат. А 25 години фестивалска историја како приказна што ги поврзува различните генерации битолчани.

Годинашното издание ќе се реализира на повеќе локации низ градот, следејќи ја идејата по која фестивалот е препознатлив уште од своето основање културата да биде видлива, достапна и присутна во секојдневниот живот на градот. Целосната програма на јубилејното издание ќе биде претставена на официјална прес-конференција во пресрет на фестивалот. Сите настани се бесплатни и отворени за публика.

По 25 години, Битола Отворен Град продолжува да ја негува истата идеја со која започна отворен град, отворена култура и простор за нови генерации. Битола Отворен Град 2026 ќе се одржи од 24 до 27 јуни на повеќе сцени низ Битола.

Организатор на фестивалот е Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола) со поддршка на Општина Битола во рамките на Годишната програма за култура и од партнерите и поддржувачите од бизнис секторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска даде свечената изјава во Собранието со што и официјално стапува на должност во Антикорупциската комисија.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК.

Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека Ристовска не пријавила поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер