Стиви Вондер се сели во Гана - Канал 5

Стиви Вондер се сели во Гана

Одлуката ја донел поради лошата политичка ситуација во САД.

Стиви Вондер се сели во Гана

Легендарниот музичар Стиви Вондер најави свое преселување во Гана.

Тоа го соопшти во интервју кај Опра Винфри и објасни дека таа одлука ја донел поради лошата политичка ситуација во САД.

-Сакам оваа нација да ја видам повторно насмеана. И сакам тоа да го видам пред да се отселам во Гана затоа што тоа ќе го направам- рекол тој, а на прашањето на водителката дали планира трајно таму да живее одговорил потврдно.

-Не сакам децата на моите деца да мораат да говорат:

“Ве молам, сакајте ме. Ве молам, послушајте ме, знајте дека сум важна, вреднувајте ме“, појаснил тој.

Ова не е прв пат пејачот да размислува за преселба во таа западноафриканска држава, пишува „CNN“. Уште во 1994 година говорел дека таму чувствува повеќе единство отколку во САД.

Стиви Вонред е роден во Мичиген, научил да свири клавил, бубњеви и хармоника кога имал само девет години. Досега осцвоил 25 греми награди, а номиниран за различни награди бил дури 74 пати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. 

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми

Идејата за плаќање по работен час, наместо досегашниот модел на месечна плата, отвори дебата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, но ја отвора дилемата дали со таков модел ќе има помали плати?

Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека воведувањето на ваков модел би значело измени во Законот за работните односи. Пред да се донесе каква било одлука, смета дека потребно е темелно да се анализира како тој би се одразил во јавниот и во приватниот сектор.

- Од економски гледна точка, не само мое лично мислење, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, да видиме кои се нивните анализи да направиме наши анализи. - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд

Од Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржуваат предлогот и очекуваат растот да ги опфати сите плати.

- Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати — не само минималната, него сите плати, не само во јавниот сектор, него и сите плати во приватниот сектор.- Благоја Ралповски – претседател на КСС

Од бизнис-заедницата, од каде што потекнува иницијативата, сметаат дека плаќањето според одработените часови може да ја подобри продуктивноста, да овозможи пофлексибилна организација на работното време и да ги намали трошоците на компаниите. Според нив, работниците што поефикасно ги извршуваат задачите би имале можност да заработуваат повеќе. Од организацијата на работодавачи, нагласуваат дека се потребни јасни правила за распределбата на работните часови и пресметката на платите.

- Самиот вработен ќе рече во дадена ситуација: Јас за 4 часа овдека на ова работно место ја завршив работата. После може да отиде да доработи на друго место уште 4 и практично да земе дупла плата - Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори

-Мора на некое неделно или месечно ниво да ги има часовите што работникот треба да ги одработи за да ја земе целата плата да се задоволат.- Ангел Димитров - Организација на работодавачи

Од Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, претходно посочија дека се подготвени да го разгледаат предлогот, но бараат гаранции дека новиот модел нема да доведе до намалување на платите и дека ќе се обезбеди достоинствена вредност на работниот час.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош

На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка.

На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин.

Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош.

Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер