Стево Карапанџа, светски познат готвач - Канал 5

Стево Карапанџа, светски познат готвач

Една од најголемите готвачки ѕвезди на третиот Меѓународен гастрономски натпревар „Гастромак Македонија 2018“ е познатиот готвач Стево Карапанџа. 

Стево Карапанџа, светски познат готвач

Повозрасните го паметат од некогашната кулинарска емисија „Мали тајни на големите мајстори на кујната“, што се прикажуваше во поранешна Југославија и беше едно од првите шоуа од таков вид.

Карапанџа во Струмица е вторпат. Тој е во една од жири-комисиите што ги оценуваат натпреварувачите, а интервјуто со него успеавме да го направиме во паузата додека се менуваа натпреварувачите.

Вторпат сте во Струмица, на оваа манифестација, Вашите впечатоци?

- Многу е убаво. Уште поубаво е организирано, благодарение на овој прекрасен простор тука во овој хотел и како што гледате и единствен проблем е што имаме многу кандидати. Тоа е многу позитивно. Дури кога ги затворивме листите имаше интерес да се пријавуваат, како што е вообичаено кај нас на Балканот да се пријават во последен момент. Тука гледам полно млади луѓе, многу училишта, што е секако добро за некаква иднина на гастрономијата и само готвачите да не ни бегаат надвор во белиот свет, туку да останат тука и тука да го презентираат своето знаење.

Во едно минато време се емитуваше емисијата „Малите тајни на големите мајстори на кујната“. Кои се малите, а кои се големите тајни на мајсторите на кујната?

- Јас никогаш ништо не криев. Јас секогаш го покажувам тоа што го работам и што го знам и што сум им го пренел не само на младите, туку и денес кога луѓето ме прашуваат секогаш искрено им одговарам. Им го кажувам секој рецепт и ништо не кријам, бидејќи нема потреба од такво нешто. Некогаш имаше некои рецепти што не се кажуваа. Јас памтам кога бев млад во мојот крај рецептот за познатата салама „гавриловиќ“ дека го знаат само двајца или тројца. Јас се прашував што знае едниот, што другиот, а што третиот. Но, потоа дознав дека тајната е во одгледувањето на свињите, кои фабриката ги купувала од кооперантите и тие не смееле да бидат потешки од 90 килограми. Но, денес е се подруго и којзнае од каде се набавуваат.

Но, сепак има некои тајни што не се кажуваат?

- Има некои тајни кај некои напивки, кај некои ликери. На пример, во Франција, каде што некои калуѓери подготвуваат некакви ликери на база на тревки и потоа кажуваат дека сите берат тревки, а само тројца или четворица го знаат рецептот. И доколку некој умре, тогаш некој друг го наследува. Тоа се приказни, а дали тоа е вистина јас не знам, ха ха (се смее).

Што работи денес Стево Карапанџа?

- Еве денес сум тука во Струмица и сум шеф на една од жири-комисиите. Инаку, сум во пензија. Живеам во Ловран, кај Опатија. Се уште работам - одам по тие светски изложби и натпревари, со оглед дека ја имам лиценцата од Меѓународното здружение на готвачи. Многу патувам. Вршам консултации. Луѓето ме покануваат и ме прашуваат, бараат совети. Јас ги прифаќам, но главно уживам во животот.

Готвите ли?

- Готвам многу малку. Јас и сопругата го делиме приготвувањето на оброците и заеднички готвиме во нашата куќа./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Советот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE.

Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“.

Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал.

Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер