Како што е познато, Peugeot премиерно ќе ја претстави новата генерација на моделот 308 на 18 март. Покрај новото лого, моделот добива и нов израз на дизајнот воведен од моделот 508 и последователно усовршен преку 208, како и кросоверите почнувајќи од 2008.
Рускиот магазин Kolesa.ru сега покажува што точно да очекуваме. Без сомнение, новиот 308 ќе биде забележително попривлечен од неговиот претходник, кој што беше доста конзервативен во напорите да се доближи до премиум сегментот. Русите сега го откриваат и караванот, што, како и 508, за некои ќе биде уште поинтересна опција. Особено на задниот дел каде тенките хоризонтални светла отвораат сосема нов впечаток за автомобилот.

Новиот 308 најверојатно ќе биде поставен на надградената платформа ЕМП2. Тековните информации одат во насока дека сите мотори ќе бидат електрифицирани во одредена доза, а на врвот треба да се најде plug-in хибрид со максимални 225 КС.
Да потсетиме, сè уште е неизвесно дали и караванот ќе биде претставен на 18 март, како и кога ќе биде претставена изведбата на кросовер, според моделот Focus Active на Форд.