Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе НУБ „Свети Климент Охридски" - Канал 5

Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе НУБ „Свети Климент Охридски"

– Националната и универзитетска библиотека носи премногу големо име на кое мора да сме му достојни и благодарни – „Свети Климент Охридски". 

Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе НУБ „Свети Климент Охридски"

– Националната и универзитетска библиотека носи премногу големо име на кое мора да сме му достојни и благодарни – „Свети Климент Охридски". Таа е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во 1944-та. Децениската негрижа кон оваа ризница зборува за сите нас. Ги повикуваме медиумите, а со тоа и јавноста, не за да бараме изговор за лошата слика таму туку да замолиме за поддршка во процесот на зацелување и заживување на просторот кој го чува нашето национално богатство и кој бил дел од нашето студентско минато – изјави министерката за култура, Ирена Стефоска, при денешната работна посета на НУБ „Свети Климент Охридски" каде што беше во обиколка со новинарите.

Придружувана од новата в. д. директорка, Јелисавета Костадинова, министерката Стефоска информираше дека од пред неколку недели НУБ „Свети Климент Охридски" има нов тим, тим од вработените без чија огромна професионална љубов и грижа, како што истакна таа, можеби состојбата ќе беше многу полоша.

– Тие ја заслужуваат нашата поддршка и таа поддршка ќе ја добијат – рече Стефоска.

Во изјавата за новинарите, министерката за култура соопшти дека е формирана специјална работна група за утврдување на состојбата во НУБ од сите аспекти, која изготвува план за ревитализација на Библиотеката.

– Архитекти и градежни инженери веќе направија проверка на проектот за санација на покривот и бидејќи сė е во ред со проектот, тој влегува во програмата за следната година. Се прави пресек на финансиско-нормативното работење на НУБ „Свети Климент Охридски" – рече Стефоска. Таа додаде дека почнува процесот за прогласување на библиотечниот материјал за Културно наследство во опасност, статус кој ќе овозможи брзи интервенции за негово зачувување и соодветно чување, како и вложување во стручен кадар, во опрема и во збогатување на содржината на библиотечниот фонд.

– Процесот на враќање на достоинството на овој репрезентативен објект со бесценета содржина започна. Сакам да истакнам дека НУБ не е само покривот и не се само новите столчиња. НУБ „Свети Климент Охридски" е многу повеќе. НУБ е емоција – рече Стефоска и ги повика сите општествено-одговорни компании и поединци да се приклучат, да бидат дел од онаа генерација што ја ревитализирала Националната и универзитетска библиотека.

– Нема да сме првите во светот кои на ваков начин ги поткрепиле своите национални библиотеки. Веќе водиме разговори со одредени донатори зашто ова е голема работа и само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски" – изјави министерката за култура.

При прошетката низ објектот, новинарските екипи, водени од в. д. директорката Костадинова, имаа можност да ја видат состојбата во читалниците, депото, Центарот за дигитализација за кој беше потенцирана потребата од повеќе стручен кадар и современа опрема.

Костадинова пред новинарите повика на свесност за непроценливото значење на овој објект и укажа на неговата долгогодишна импозантност и сјај, кој, како што рече, веројатно избледел под „забот на времето", но ни во миг не е намалена неговата важност за државава. Костадинова упати апел за поддршка од општествено-одговорната јавност, особено потребна во делот на санација на посебните читалници, кои некогаш служеле за научно-истражувачка работа, и нивно осовременување и комјутеризација.

Таа информираше дека покрај тоа што е расчистено предворјето на НУБ, се расчисти и внатре, а спомена дека е неопходна чуварска служба. Костадинова ги посочи архивите на весникот „Нова Македонија" и напорите да се дигитализираат за полесно искористување на овој драгоцен новинарски архивски материјал.

Костадинова информираше дека веднаш по завршувањето на изборите, ќе почне реализацијата на проектот за санирање на една од читалниците, за што се одобрени средства за оваа година, и ја најави санацијата на покривот за следната година.

Во рамките на посетата на НУБ, новинарите беа дел и од снимањето на филмот на Теона Митевска – „Најсреќниот човек на светот" – мешовита меѓународна копродукција, кој се снима во НУБ „Свети Климент Охридски". Продуцентката, Лабина Митевска, во кусата изјава за новинарите ја посочи важноста на овој објект, во кој тие како продукција веќе вложиле средства за санација на една од читалниците, и упати повик сите заедно да придонесеме за враќање на достоинството, сјајот и животот во НУБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

​СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе на виделина вистината, не го закажуваат продолжетокот.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка.

Со денови молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на тие како што велат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.

Од страв дека може да се дознаат повеќе информации, продолжение на надзорната расправа во Собранието се уште не се закажува.

Сега на граѓаните им е јасно зошто СДС и Филипче толку зборат за некаков српски свет во Македонија.

Основоположници и негуватели на српскиот свет во Македонија се токму Филипче и СДС.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Украинските сили погодија и уништија дел од Кримскиот мост, само неколку часа откако Русија започна масивен напад врз Киев, насочен кон два клучни моста над реката Дњепар во украинскиот главен град.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Руската акција беше проследена со жесток украински одговор со напади со беспилотни летала врз Кримскиот мост и голема рафинерија во Башкортостан, длабоко на руска територија, објавува Би-Би-Си.

Според најновите информации, засновани на фотографии од Крим, централниот сообраќаен дел од мостот се чини дека се срушил по нападот.

Украинските сили го нападнаа Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со руското копно, втора ноќ по ред, предизвикувајќи прекин на сообраќајот.

Украинските канали за следење на фронтовската линија објавија снимки од експлозии над мостот, но обемот на штетата сè уште не е официјално потврден.

Објавени се неколку видеа на кои наводно се гледа урнатиот главен лак на Кримскиот мост, со тврдења дека бил уништен од украински беспилотни летала или крстосувачки ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност - II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации.

Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“.

Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи.

Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP - Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка.

Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер