3Директна авиолинија Анкара Скопје и карго железничко поврзување договорени помеѓу Николоски и министрите Болат и Уралоглу
3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
МакедонијаСтартува задолжителната обука за управување со мотоцикл до 125 кубици.Од денеска стартуваат задолжителните обуки за граѓаните кои сакаат да управуваат со мотоцикл до 125 кубици. МВР ги појасни условите откако во јавноста особено кај младата популација се создаде впечаток дека лесно ќе може да се вози мотоцикл. Оваа обука е задолжителна и се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, но не и помлади. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија. Од МВР додаваат и дека доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата. Инаку правилникот е дел имплеметацијата на законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои Собранието ги усвои во април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОва се последиците од разорното торнадо во САД: Застрашувачки снимки го обиколија светотСтотици илјади луѓе останаа без струја откако торнада и бури го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, а најмалку едно лице загина во бурата, објавија денес американските медиуми.Бурата оштети неколку згради и доведе до откажување на летови, објави „CBS News“. Неколку торнада ја погодија областа во близина на Чикаго синоќа, а вкупно 11 градови во државите Илиноис и Висконсин ги пријавија. Според службата за следење на комуналните услуги, „PowerOutage.us“, повеќе од 221.000 клиенти беа без струја во Илиноис до петок наутро. A massive tornado that spun through a city in north central Illinois on Thursday, June 11, was captured up close by a local resident. Valeria Moore filmed this dramatic footage of the monster tornado, which she said passed only about three quarters of a mile from her house in… pic.twitter.com/9MZra9K03K — ABC 7 Chicago (@ABC7Chicago) June 12, 2026 Во градот Де Мојн, Ајова, 54-годишен маж почина во среда во камп за бездомници откако беше удрен од дрво кое се скрши и падна за време на бурата, соопшти полицијата. Мажот беше пронајден тешко повреден во четврток наутро и почина на местото на настанот, соопштија властите. Пред да удрат торнадата, Центарот за предвидување на бури на Националната метеоролошка служба го зголеми предупредувањето за силна бура на ниво 4 од 5. Strong wind gusts hit Chicago, Illinois, USA 🇺🇸 (10.06.2026) pic.twitter.com/Fx6dHmsmRR — Disaster News (@Top_Disaster) June 11, 2026 Според „CBS News“, ова е прв пат Чикаго да се соочи со такво ниво на ризик од 15 јули 2024 година, кога областа беше погодена од рекордна серија од 32 торнада. Ова ниво на ризик обично се случува еднаш на секои две години. Силните бури, исто така, ги заземјија летовите 🌪 Merrillville, Indiana Tornado Damage🌪️ A destructive tornado tore through Merrillville, Indiana, on June 11, 2026, causing severe damage across the area. Reports indicate 10–20+ homes were heavily damaged, with some homes partially wiped out, cars tossed, gas leaks reported,… pic.twitter.com/aRZBkBq0nb — Chicago & Midwest Storm Chasers (@ChicagoMWeather) June 12, 2026 Силните бури ги заземјија летовите на меѓународните аеродроми О'Хара и Мидвеј во Чикаго во среда и четврток. Повеќе од 1.000 летови беа одложени или откажани, според веб-страницата за следење на летови „FlightAware“. Летовите беа одложени или откажани и на аеродромите во други градови, вклучувајќи ги Филаделфија, Њујорк и Њуарк, Њу Џерси. Националната метеоролошка служба доби повеќе од десетина пријави за торнада низ северниот дел на Мисури, Ајова, Канзас и Илиноис. „Комонвелт Едисон“, кој обезбедува електрична енергија во северен Илиноис, соопшти дека бурите собориле столбови и жици за електрични инсталации, а на мрежата „X“ соопшти дека се очекува електричната енергија да биде вратена за 80 проценти од корисниците до 23 часот во сабота. Штети се пријавени и на аеродромот „Абрахам Линколн Капитал“ во Спрингфилд. Извор: Б92Тагови: САД Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена локална облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени. До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректна авиолинија Анкара Скопје и карго железничко поврзување договорени помеѓу Николоски и министрите Болат и УралоглуМинистерот за трговија на Турција на социјалната мрежа "Х" ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување.Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа "Х" ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување и напиша дека двете земји продолжуваат да работат кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари. " По повод Турско–Македонскиот бизнис форум, заедно со нашиот министер за транспорт и инфраструктура, г. Абдулкадир Уралоглу, остваривме средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Северна Македонија, г. Александар Николоски. На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на "AJet" на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу TЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји. Во согласност со визијата на претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, за силна регионална соработка и економска интеграција, со решителност продолжуваме да работиме кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари. Во наредниот период ќе продолжиме да ги зајакнуваме транспортните коридори и да ги поддржуваме активностите на турските компании во Северна Македонија, придонесувајќи за поврзаноста, просперитетот и заедничкиот развој на Балканот. Длабоките пријателски и братски врски меѓу нашите земји ќе стануваат уште посилни преку новите проекти што ќе се реализираат во областа на трговијата и инвестициите" , објави министерот за трговија, Омер Болат. Türkiye-Kuzey Makedonya İş Forumu vesilesiyle, Ulaştırma ve Altyapı Bakanımız Sayın Abdulkadir Uraloğlu (@a_uraloglu) ile birlikte, Kuzey Makedonya Başbakan Yardımcısı ve Ulaştırma Bakanı Sayın Aleksandar Nikoloski ile bir araya geldik. Gerçekleştirdiğimiz görüşmede; ulaştırma,… pic.twitter.com/KYa37K33uV — Prof. Dr. Ömer Bolat (@omerbolatTR) June 12, 2026 Средбата на министрите се реализира во рамки на турско -македонскиот бизнис форум што денеска се оддржа во Истанбул. Тагови: Анкара Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter