Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
ФудбалСтартува Бундеслигата: Има ли Баерн сериозна конкуренција за трофејот во Германија?Со натпреварот меѓу Баерн Минхен и Хофенхајм од 20,30 часот вечерва започнува новата сезона во Бундеслигата. По неуспехот на репрезентацијата на Мундијалот 2018, во Германија со нетрпение го чекаат стартот на првенството, кое и оваа година ќе биде доминирана од баварскиот гигант. Никој од конкурентите не изгледа доволно силен за да го издржи темпото на Баерн, но ќе биде интересно да се види како ќе се справи новиот тренер на тимот Нико Ковач и дали неизвесноста ќе заврши уште еднаш пред Нова година. Ковач импресионира со својата работа во Ајнтрахт Франкфурт и дури го освои Купот на Германија, победувајќи го во финалето токму Баерн. Веќе од другата страна на барикадата, поранешниот хрватски репрезентативец го крена првиот трофеј на чело на баварците, при тоа по победа со 5:0 среде „Комерцбанк Арена“. Баерн не ја демонстрираше својата финансиска моќ на пазарот и се ограничи со привлекувањето на репрезентативецот Леон Горетцка, кој дојде на слободен трансфер од Шалке 04, и младиот Алфонсо Дејвис од Ванкувер. Серж Гнабри и Ренато Санчез се вратија во тимот од наем. Португалецот набрзина беше прогласен за трансфер неуспех и е факт дека неговата кариера оди нагло надолу по Евро 2016, но можеби е дојден моментот да покаже дека ги поседува квалитетите да стане една од главните фигури на „Алијанц Арена“. Баварците го продадоа Артуро Видал на Барселона, се очекува да си замине и Себастијан Руди, а ситуацијата со Жером Боатенг продолжува да е нејасна. Добрата вест за Ковач е дека Роберт Левандовски беше задржан и Полјакот повторно ќе биде машина за голови. Доказ? „хет-трикот“ на Лева во Супер купот против Ајнтрахт. Капитенот Мануел Ноер конечно е целосно здрав, а ветераните Франк Рибери и Ариен Робен се амбициозни не само да ја освојат титулата за седма година по ред, но и да триумфираат во Лигата на Шампионите - нешто што се нема случено на баварците по финалето против Борусија Дортмунд на „Вембли“ во 2013 година. „Жолто-црните“ направија амбициозна селекција, која ги прави фаворит за второто место. Аксел Витсел, Томас Дилејни и Абдула Диало се фудбалери кои несомнено ќе ја кренат класата на Борусија. Добар додаток може да биде и играчот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими. Во лицето на Мануел Аканџи клубот предвидливо обезбеди заменик на Сократис Папастатопулос уште во текот на зимата, а другите кои заминаа - Гонзало Кастро, Андре Шурле и Андриј Јармоленко, не беа постојани носители. Новиот тренер на тимот, Лисјен Фавре има солидно искуство во Бундеслигата и е способен да го развие потенцијалот на тимот, кој ќе продолжи да се залага за атрактивен фудбал, но треба да ја стабилизира играта во дефанзивен план, за да не губи поени против поскромните ривали. Шалке 04 направи голем скок во првата сезона на младиот и амбициозен Доменико Тедеско, но не е јасно како ќе ја „прежали“ разделбата со важни фудбалери како Горетцка, Макс Мајер и Тило Керер. И ако младиот дефанзивец донесе речиси 40 милиони евра со трансферот во Пари Сен Жермен, тогаш Горетцка и Мајер си заминаа без пари и тоа не зборува воопшто добро за менаџментот на „кралскосините“. Ред Бул Лајпциг инвестира во млади и речиси непознати играчи што долгорочно е добра стратегија, но едвај екипата на Ралф Рангник ќе успее да се избори за учество во Лигата на шампионите, особено по разделбата со Наби Кеита. Кон првите места гледаат уште Баер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм. „Аспирините“ се разделија со голманот Бернд Лено и ветеранот Штефан Кислинг, но имаат изобилство на талент во составот. Во Менхенгладбах се засилија со Аласан Плеа од Ница за над 20 милиони евра, а освен тоа го зедоа и швајцарскиот репрезентативец Михаел Ланг. Хофе направи селекција за помалку пари, но новите фудбалери се добро избрани и брзо ќе одговараат на стилот на Јулијан Нагелсман. На дното ќе биде повеќе од интересно. Минатата сезона со елитниот статус се разделија големи имиња како Хамбургер и Келн, но повратниците Фортуна Дизелдорф и Нирнрберг исто така се клубови со традиција, кои по една или друга причина во последните години не успеваат да се утврдат меѓу најдобрите. Во борбата за опстанок се очекува да се вмешани уште Фрајбург, Аугсбург и Мајнц 05, додека Волфсбург би требало да дише порелаксирано. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во КумановоСо доделувањето на наградите на најдобрите, заврши годинешното 29.издание на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово, кој оваа година се одржуваше од 23 септември до 5 октомври. НУ Народен Театар Битола доби две награди и тоа за најдобра режија: Марјан Георгиевски и за најдобра костимографија: Андреј Георгиевски, за претставата „Секстет“. Со својата изведба екипата на оваа претстава повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“, комедијата од Марк Камолети, и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Сценографијата е на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. Во текот на фестивалските денови, публиката имаше можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведбата на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот беше затворен со претставата надвор од конкуренција, „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, посветена на годинешниот лауреат Игор Џамбазов, Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово. Честитки за целата екипа, да се множат успеси и убави претстави!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЕвропаРуски дрон погоди мост на реката Днепар во ЗапорожјеПет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје. Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје. Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа. Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош. Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје. Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook