ФудбалСтартува англиската Премиер лига Со натпреварот меѓу Хал Сити и шампионот Лестер кој ќе се игра попладнево од 13 часот и 30 минути, ќе започне новата сезона во фудбалскиот шампионат на Англија, односно најсилната конкуренција Премиер лигата.Дербито на воведното коло ќе се игра утре во Лондон каде Арсенал ќе го пречека составот на Ливерпул, а интересно се очекува да биде и на средбата Евртон – Тотенхем. Во останатите денешни натпревари ќе играат: Барнли - Свонси , Кристал Палас - Вест Бромвич Албион, Мидлсборо – Стоук, Саутемптон – Ватфорд и Манчестер Сити – Сандерленд. Покрај дербито Арсенал – Ливерпул, за утре закажан е и дуелот Бурнемут - Манчестер Јунајтед, додека колото ќе го комплетираат Челзи и Вест Хем со средбата која ќе се игра во недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШвајцарија ги обновува односите со Северна КорејаШвајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс. На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион. Exchange with Jo Yong Won, Secretary of the Central Committee of the Workers’ Party of Korea, in #Pyongyang. We welcomed the reopening of the #Swiss diplomatic office and discussed developments in the DPRK and the potential for strengthening bilateral relations. https://t.co/yCeKsnSat4 — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја. Meeting with DPRK Foreign Minister Choe Son Hui in #Pyongyang. We discussed reopening the 🇨🇭 diplomatic office in a new format, regularising political relations and reestablishing a political #dialogue. We also exchanged views on security on the Korean Peninsula and broader Eurasian security challenges. — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Тагови: Северна Кореја Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инцидентиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: инциденти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП Паркинзи на Општина ЦентарТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook