Стари Цитроени „летаат“ со 200км./час на три тркала (ВИДЕО) - Канал 5

Стари Цитроени „летаат“ со 200км./час на три тркала (ВИДЕО)

Сите подобри познавачи на автомобилската историја ќе се сетат како Citroen ја претстави хидропневматската суспензија како дел од премиерата на DS, која донесе некои придобивки што ги нема во денешните автомобили.

Стари Цитроени „летаат“ со 200км./час на три тркала (ВИДЕО)

Покрај кралската удобност, DS може да се подигне толку многу што тркалото може да се замени без кран. Можел да вози на три тркала, но само во итен случај и со мала брзина.

YouTube video

По една деценија, доаѓа моделот кој и денес заслужува почит. Покрај тоа што е недостижна кај повеќето модерни автомобили во својата врвна верзија (Activa) во однос на динамиката на возење, Xantia може да вози и на три тркала. И доста брзо, за што сведочат овие снимки од Блискиот Исток.

YouTube video

На YouTube може да се најдат голем број видеа кои покажуваат дека овие несовесни возачи на Xantia постигнале големи брзини. Во еден момент камерата го покажува брзинометарот на возилото од кое е снимен Citroen и покажува 200 km/h.

Не треба да се напомене дека возењето на три тркала не се препорачува, како и дека ваквото брзање на јавен пат е крајно непромислена „игра“ која може да заврши лошо. И покрај честите промени на правецот, снимката завршува без инциденти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

 „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.

Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и емотивна драма потсети на важноста на зачувувањето на автентичноста и искреноста и собра громогласни аплаузи како награда од публиката за двочасовната маестрална актерска игра.

„Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

Според романот „Уна“ на Капор е направен филм во осумдесеттите години на минатиот век, но никогаш досега не е работена театарска претстава, што за големиот македонски режисер Дејан Пројковски, како што вели самиот тој, било голем предизвик.

-Претставата зборува за борба на човекот и подготвеноста да ја плати цената за да се избори за личната слобода и од друга страна, љубовта како една голема и вечна тема, љубовта која што живее во овие општествени и морални рамки, но всушност во тие рамки го бара својот бескрај и своето небо, љубовта којашто за двајцата, за Мишел и за Уна, е како едно патување низ нивните души. Всушност, тие се обидуваат космосот или сопствениот бескрај да го пронајдат некаде длабоко во себе. Претставата на крајот завршува со познатите стихови од романот што останува после љубовта. Тоа е се темите, борбата на индивидуалецот и љубовта помеѓу две човечки суштества кои не одговараат по сижеата на сите светски љубовни приказни, вели режисерот Пројковски кој со години бележи успеси како на домашната, така и на меѓународната театарска сцена.

Целата претстава се одвиваше во една трагикомична линија како што всушност е и човечкиот живот. Никола Ристановски, кој го играше главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, уште еднаш потврди дека е суверен на сцената, играјќи со длабока, сугестивна и прецизна сценска игра. Во актерската екипа беа и Магдалена Мијатовиќ во улога на студентката Уна, Сена Ќоровиќ како Олга,-сопругата на професорот Бабиќ и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ.

Сценографијата на Валентин Светозарев беше посебно интересна, динамична и во склад со промените на тематскиот фокус. Музиката на Горан Трајковски автентично ја долови атмосферата на љубовната и политичката опиеност, а костимите на Ивана Ристиќ беа соодветни за реалистичната поставка на ликовите.

„Звездара“ е еден од најреномираните и најкултни театари од поранешните ју-простори, основан во 1984 година, чиј основач, но и директор од 1998 година до денес е големиот драмски писател Душан Ковачевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. 

Денес сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер