Стануваме „земја на тешки пушачи", половина население пуши, во просек 20 цигари на ден - Канал 5

Стануваме „земја на тешки пушачи", половина население пуши, во просек 20 цигари на ден

Алармантни се податоците за пушењето во земјава. Лидери сме по бројот на пушачи во регионот и во Европа, а во светски рамки се наоѓаме меѓу 10-те најлоши држави, во кои најмногу се пуши. 

Стануваме „земја на тешки пушачи", половина население пуши, во просек 20 цигари на ден

Пуши половина од македонското население, во просек по 20 цигари на ден. Дополнително, имаме најниски цени на цигарите во регионот и во Европа, а најниско ни е и даночното оптоварување што ги прави цигарите достапни за секого, покажува последното истражување на Аналитика.

Како што беше речено на денешната зум конференција, со ваквите статистики влегуваме во категоријата „земја на тешки пушачи".

Особено загрижувачки е податокот дека преку 30 отсто од младите пушат, а многу е застапено и пасивното пушење. Само кај 11 отсто од пушачите во земјава не се пуши дома, а непушачите се изложени на пушење не само во угостителските објекти, туку и во јавните институции, што отвора друго прашање – колку функционира законот.

Мажите пушат повеќе од жените, соодносот е 57,9 отсто спрема 39 проценти. Преваленцијата се зголемува со возраста, а врвот е на 45 до 54 години. Повеќето пушачи користат произведени, фабрички цигари, а рачно виткан тутун само 12,5 отсто.

Не е јасно, велат од Аналитика, во што конкретно е проблемот, но решението дефинитивно треба да се бара во поскапувањето на цигарите (зголемувањето на акцизата) и во подигнувањето на свеста на граѓаните за штетноста од пушењето. Еден од предлозите е дури и воведување посебен предмет од најрана возраст во училиштата.

– Дојдовме до сознание дека сме најлоши во регионот и во Европа зашто сме лидер по потрошувачка на цигари. Преваленцата, односно стаката на учество на пушачите во вкупната популација е 48,4 отсто или половина од населението пуши. Просечен пушач кај нас троши 27 евра за цигари месечно што е само шест отсто од просечната плата. Тоа значи дека цигарите се многу достапни, секој може да си дозволи да пуши, истакна Тамара Мијовиќ Спасова.

Во ЕУ, додаде таа, просекот на пушење е само 29 проценти. Просечната цена на кутија цигари, пак, е 4,9 евра, додека во регионот 2,1 евро што е помалку од половина од европското ниво.

с Во светот пушат 1,1 милијарда луѓе, што е една шестина од светската популација или една седмина, а кај нас во земјава пуши една половина од населението. Ова покажува дека сме драстично полоши и од глобалниот просек, рече професорот Борче Треновски.

Треновски направи паралела и на пушењето со КОВИД-от, повикувајќи се на податоци од СЗО.

– Нема докази дека оној што пуши ќе се зарази директно преку цигарата, но преку начинот на пушење, допирањето предмети ризикот е зголемен. Сепак, се повеќе студии ја потврдуваат врската меѓу пушењето и ризикот тоа лице да биде хоспитализирано. Сите истражувања покажуваат дека агресивноста на болеста е директно поврзана со пушењето. Пушачите почесто завршуваат со смртен исход и полошо поминуваат од непушачите, истакна професорот.

Тој се осврна и на актуелната ситуацијата со откупот на тутунот. Тутнарите, рече, штрајкуваат, но земјава има највисока субвенција за тутун во Европа, двојно повеќе од земјата која дава највисока субвенција за тутун.

– Не сме против тунарите, но тие во следната декада ќе бидат на удар. Отворањето на глобалниот пазар ќе наметне да се намалат субвенциите и ќе бара алтернативни култури. Трошоците и трдуот што го вложуваат нашите тутунари е поголем од цената што ја добиваат, предочи Треновски.

Во 2019 година 37,6 отсто од возрасните во регионот пушеле и виткани и фабрички цигари. Највисоко било нивото на пушење во Македонија, 44,5 отсто, а во Албанија најниско – 19,8 проценти.

Според Аналитика, Царинската управа одлично се справува со нелегалната трговија на фабрички цигари – само една на десет цигари е купена на црн пазар. Но, загрижува тутунот за виткање чија продажба речиси 90 отсто се одвива на црно, без бандерола и предупредување за штетноста.

– Се понерелавантен е аргументот на тутунската индустрија за да не се зголеми акцизата, напротив, сега е најповолен момент тоа да се стори. Всушност, тоа би било вин-вин ситуација за сите засегнати страни. Десет процентно зголемување на акцизата, за пет отсто ја намалува преваленцата. Ова е единствена економска мерка која може многу побрзо да даде ефекти од која било политика. За да го надминеме проблемот, освен што цигарите треба да поскапат, треба да се работи и на подигање на јавната свест. Недостигаат кампањи, заживување на центрите за одвикнување од пушење и воведување соодветен предмет уште на рана возраст во школите, истакна Бојана Христовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. 

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“.

Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани.

Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот.

Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција.

Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата.

Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот

Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра.

Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О.

Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж.

Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат.

Се истражува можен екстремистички мотив

Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот.

Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник.

Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин.

Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда.

Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот.

Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“

Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица.

„Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск.

Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет.

Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија.

Полска официјално прогласи дводневна национална жалост

Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков.

Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. 

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен.

Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење.

Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива.

ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?!

Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор:

„Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“

Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај!

Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови.

Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе!

Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ!

Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат.

Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме!

Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби.

До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно?

Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен.

Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“

Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје

Влез 1 и влез 2

Скендер Мехмет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер