Станиќ го објави списокот на фудбалери за претстојните квалификации

Репрезентацијата на Македонија до 19 години утре ќе го игра првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Противник на избраниците на Горан Станиќ се врсниците од Англија, а македонскиот селектор го соопшти списокот на повикани фудбалери за оваа средба:

Голмани: Филип Илиќ (Металург), Боби Целески (Гросето, Италија);

Одбрана: Слободан Боцевски (Работнички), Тела Шаип (Ксамакс, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (Еуромилк), Кристијан Каранфиловски (Металург), Нехар Садики (Еуромилк), Стефан Јевтовски (Металург), Стефан Лазаревиќ (Македонија Ѓ.П);

Среден Ред: Сашо Шопоски (Металург), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П), Петар Петковски (Вардар), Матеј Цветановски (Македонија Ѓ.П), Абдулахи Бурим (Сервет, Швајцарија), Валентин Кочовски (Хоризонт Турново), Емил Абаз (Андерлехт, Белгија);

Напад: Селмани Ремзифаик (Ренова), Мартин Христов (Еуромилк);

Станиќ верува дека Македонија има квалитет за добри резултати во оваа група.

- Во тимот има позитивна атмосфера, очекувањата се навистина големи со оглед на претходните натпревари кој ги одигравме и на кој покажавме одличен квалитет. Групата е исклучително тешка, отвораме против фаворитот Англија и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво. Оваа генерација има квалитет и треба да покажеме дека можеме да се носите и надигруваме и со најдобрите. Верувам дека ќе го покажеме најдоброто од себе во квалификациите и ако имаме среќа ќе се радуваме на добар резултат, изјави селекторот Станиќ.

Прв противник на Македонија е Англија (утре 15 часот), а во групата се уште Финска и Италија. /МИА

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер