Стампедо на илјадници Кинези во трговски центар: Tрка од рани зори за нов модел Ајфон (ВИДЕО) - Канал 5

Стампедо на илјадници Кинези во трговски центар: Tрка од рани зори за нов модел Ајфон (ВИДЕО)

Не станува збор за редица за сликање со некоја кинеска филмска или пејачка sвезда.

Стампедо на илјадници Кинези во трговски центар: Tрка од рани зори за нов модел Ајфон (ВИДЕО)

Се појави новиот „Ајфон“, а тоа беше причина илјадници Кинези буквално да „полетаат“ во трговски центар на североисток од Кина во провинцијата Шанси.

Имено, кинеските медиуми објавиле снимка од илјадници вознемирени Кинези, кои застанале рано наутро и трпеливо чекале да се отворат вратите на трговскиот центар и тие да побрзаат до продавницата за телефони за да купат нов „iPhone 13“.

Илјадници од нив побрзаа со скалите до продавницата и се разбира, со маски.

Според кинеските медиуми, многумина се вратиле следниот ден за повторно да повторат се` и да го купат најновиот iPhone.

Патем, Кина минатата година триумфално објавила дека сиромаштијата е искоренета во нивната земја и дека се` поголем број Кинези припаѓаат на средната и високата класа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд го гледаа првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година.

Прво целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл можеше да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување беше видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и западна Африка.

Небесниот спектакл ќе продолжи и ноќта, кога се очекува и метеорскиот дожд персеиди, во раните утрински часови, пак, на небото ќе може да се забележи и планетарна парада, кога во ист период во различни делови од утринското небо ќе се најдат шест планети – Меркур, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кибернапад во Полска: Протекоа податоци од 19 милиони луѓе

Полските власти денес објавија големо протекување на медицински и лични податоци на речиси 19 милиони граѓани, по кибернападот врз добавувач на медицински софтвер.

Кибернапад во Полска: Протекоа податоци од 19 милиони луѓе

Според министерот за дигитална безбедност Кшиштоф Гавковски, инцидентот е „едно од најголемите“ кршења на сајбер безбедноста во историјата на земјата, која е дом на 37 милиони луѓе.

„Во моментов, нема индикации дека станува збор за надворешен напад, кој може да потекнува од Русија или од која било друга земја“, рече тој. Првичните наоди укажуваат на сајбер криминалци кои дејствуваат за финансиска добивка, рече министерот, додавајќи дека е исклучена можноста за плаќање откуп.

Тој вети дека „немилосрдно“ ќе ги гони сторителите. Украдените податоци изнесуваат околу два терабајти и се однесуваат на информации поврзани со медицински консултации, рецепти за лекови и други документи што најчесто се користат за следење на здравјето на пациентите.

Природата и обемот на компромитираните податоци варираат од личност до личност, рече министерот, најавувајќи имплементација на систем што ќе им овозможи на граѓаните да проверат дали нивните податоци се украдени. Услугите на целната компанија ги користеле приближно 12.000 медицински установи.

Извор: Индекс.хр

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражби

На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражби

Денеска (12.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Велес, ОВР Кавадарци и СВР Штип на неколку локации во Скопје, Кавадарци, Кочани, Виница, Штип, Делчево и Велес, реализираа сообраќајни превентивни активност со акцент на безбедноста на пешаците, потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улицата да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. , за да влијаат на зголемување како на својата, така и на безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Полициски службеници од ПС Берово и ПК Градско, реализираа превентивни активности за заштита од пожари во рамки на кои на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

Полициски службеници од ПО Чашка, Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Штип денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер