Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
2Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
1Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
Шоу бизСталоне се разведува?! Дали новата тетоважа навестува крај на бракот?Познатиот холивудски актер Силвестер Сталоне (74) повеќе не го носи ликот на сопругата Џенифер Флавин (54) на десната рака. Нејзината слика тој ја покри со нова тетоважа на која е кучето Буткис, булмастифот што се појави со него во филмовите за РокиСпоред мислењето на познавачите на Холивуд, Сталоне на овој начин навестил крај на неговиот 25-годишен брак. Гласините дополнително ги подгреа самата Џенифер, која повеќе не го следи својот сопруг на Инстаграм, каде што остава загадочни пораки, пишува Дејли Стар. Од тимот на познатиот актер остро ги демантираа гласините дека тој има проблеми во бракот и дека се разведува. Неговата одлука да го покрие ликот на сопругата тетовирајќи го кучето ја оправдале неспретно. -Тој сакаше да ја освежи тетоважата со ликот на неговата сопруга, но таа беше лошо направена, а штетата беше непоправлива. Затоа реши да го покрие со слика на кучето. Господинот Сталоне го сака своето семејство и моментално снимаат заедничко реално шоу кое наскоро ќе биде премиерно прикажано - соопштиле од тимот на славниот актер. Но, сопругата на Сталоне, која престана да го следи сопругот на Инстаграм, индиректно потврди дека нешто не е во ред со нивниот брак. Таа објави фотографија со нивните 3 ќерки и напиша: „Овие девојки се мојот приоритет. Ништо друго не е важно. Ние четирите засекогаш“. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Flavin Stallone (@jenniferflavinstallone) Покрај фотографијата таа додала хаштази „вистина“, „семејство“ и „засекогаш“, што предизвика многу позитивни коментари. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје.Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“. Centar Night Run — Ноќна урбана трка | Скопје 2026 „Сакаме Центар да живее и преку спортот и да создава настани што ги обединуваат луѓето. Особено ми е драго што токму нашата општина ќе биде првата општина домаќин и организатор на полумаратон во државата. На 12 септември ги отвораме центарските улици за тркачите, но и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од една поинаква вечер исполнета со спорт, дружење и забава. Ги поканувам сите да ни се придружат“, вели Герасимовски. „CENTAR NIGHT RUN“ има за цел да го промовира трчањето, активниот начин на живот и дружењето, но и да донесе нова спортска енергија на улиците во Центар. По завршувањето на „CENTAR NIGHT RUN“, вечерта ќе продолжи во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, со што спортската вечер ќе прерасне во голема забава за сите учесници и посетители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викендПоради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и за време на викендите и неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни надзори и обиколки на територијата на целата општина Битола, со цел навремено да се констатираат и спречат незаконски и прекршочни постапувања. Засилените контроли ќе се однесуваат на области како што се градежништвото, комуналните дејности, јавната чистота, како и несовесното постапување со јавните добра. Посебно внимание ќе се посвети на појавите кои што го нарушуваат јавниот ред и квалитетот на животната средина. Граѓаните можат да го информираат општинскиот инспекторат за затекнати неправилности, несоодветно однесување или други појави од надлежност на инспекциските служби на дежурниот телефонски број 075388797. Целта на воведувањето на дежурствата е превентивно делување и навремено постапување при сите нерегуларности, недоследности и незаконитости на територијата на Општина Битола. Со оваа мерка, Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби и на навременото решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалГалатасарај ја одби понудата од 130 милиони евра за Осимен Според Флоријан Плетенберг, турскиот фудбалски гигант Галатасарај ја одбил понудата вредна 130 милиони евра за Виктор Осимен, поднесена преку посредник кој го застапува Ал-Хилал. Турскиот шампион јасно стави до знаење дека Осимхен не е на продажба и дека немаат намера да започнуваат преговори за негово евентуално заминување. Осимен е 27-годишен нигериски напаѓач кој се прослави во Наполи, освојувајќи ја титулата во италијанското првенство со клубот во 2023 година. Тој долго време важи за еден од најбараните напаѓачи на европскиот пазар и има статус на клучен играч во Галатасарај. Евентуален трансфер вреден 130 милиони евра би бил осми најскап во историјата и најскап надвор од лигите од „големата петорка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook