Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд - Канал 5

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Според Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на  Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за извршување дијагностички прегледи.

МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на  Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје

Со цел навремено обезбедување на здравствените услуги, Институтот започна со организирано повикување и закажување нови термини за сите пациенти чии прегледи беа привремено презакажани поради настанатата состојба.

За таа цел, организирана е работа во две смени, како и дополнителна работа во текот на претстојниот викенд, со цел во најкраток рок да се реализираат прегледите, согласно расположливите капацитети и утврдените медицински приоритети.

Во однос на компјутерскиот томограф, лоциран во хируршкиот комплекс и наменет првенствено за дијагностичка обработка на итни пациенти, сервисната постапка се уште е во тек и се очекува да заврши во најскоро време. Постапувањето со итните пациенти продолжува согласно воспоставената меѓуинституционална координација и организација за обезбедување континуитет на неопходните дијагностички услуги, односно итните пациенти се згрижуваат во ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Апелираме во јавноста да не се изнесуваат непроверени информации, со цел да не се нарушува довербата во здравствениот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата

Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата, Филипче нека даде одговори и за скандалите поврзани со него .

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата

Венко Филипче дури откако почнаа внатрепартиските пресметки проговори за криминалот во СДС и конкретно ја прозва Славјанка Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Филипче со објавувањето на овој скандал јавно потврди за корупцијата и криминалното владеење на СДС.

Филипче почна да зборува за истрага и кривични дела, расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие.

Кога веќе Филипче почна да говори за криминалот и скандалите во СДС нека даде одговор и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добил автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев.

Јавноста очекува одговори и за наводите што се појавуваат во јавноста за овие скандали.

Ако Филипче навистина сака да се бори против корупцијата, тогаш нека важи истото правило за сите и за политичките противници, и за неговите најблиски соработници, и за него самиот.

Затоа Филипче, ако почна да зборува за криминал и корупција во СДС нека бара истрага до крај. Филипче нека биде транспарентен и неселективен до крај.

Ако Филипче нема што да крие, тогаш нека одговори на сите прашања што јавноста со години ги поставува. Доста е со селективна транспарентност. Јавноста заслужува целосни одговори.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Во Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата.

Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува.

Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона.

Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.

Сателити. На далечинско. Не со народ.

Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг.

Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш.

Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас.

СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа.

За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност.

Скопје, 09.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер