Стадионот на првакот на Лигата на шампионите од утре се претвора во болница

Борусија Дортмунд денеска објави дека го става на располагање својот стадион за третман на лица заразени со коронавирус.

Во соопштението се наведува дека центарот е сместен под северната трибина на Вестфаленштадион, или денешниот парк Сигнал Идуна, ќе започне со работа од сабота, и ќе биде исклучиво за лица позитивни на  КОВИД-19 или случаи што не се лекуваат во болницата.

„Нашиот стадион е симбол на нашиот град; тој е референтна точка за скоро сите во и околу Дортмунд, а благодарение на неговиот технички, инфраструктурен и просторен квалитет, тој е идеална локација за активно помагање на луѓето кои се заразени со коронавирус или кои се борат со слични симптоми на болеста како што се проблеми со дишењето и треска Наша должност и желба е да сториме се што е во наша моќ да им обезбедиме помош на овие лица “, рече извршниот директор на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

Натпреварите  во Бундеслигата се прекинати од средината на март и прекинот ќе трае најрано до 30 април.

притисни ентер