Српско МВР: Евакуирани повеќе од 100 луѓе од поплавени згради и автомобили, 20 пожари - Канал 5

Српско МВР: Евакуирани повеќе од 100 луѓе од поплавени згради и автомобили, 20 пожари

Над 100 луѓе се евакуирани од поплавените згради и возила, 20 пожари.

Српско МВР: Евакуирани повеќе од 100 луѓе од поплавени згради и автомобили, 20 пожари

Во сите интервенции беа ангажирани околу 230 пожарникари, спасувачи, 100 возила и 33 пумпи за вода, информираа од српското министерство за внаршени работи во синоќешното невреме проследено со обилни врнежи од дожд кое го зафати белград и Србија.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во вторникот попладне и навечер им помогнаа на своите сограѓани, загрозени од последиците од силното невреме што ја зафати Србија. Во соопштението на МУП се наведува дека припадници на Одделението за вонредни состојби имале 91 интервенција низ државата, од кои 20 се пожари, од кои најголем дел од громови во Белград, Краљево и Сјеница.

- Сите пожари се изгаснати, а нема повредени. Пожарникарите спасија 10 лица од поплавени згради и возила - се наведува во соопштението од српското МВР.

Во сите интервенции биле ангажирани околу 230 пожарникари, спасувачи, 100 возила и 33 пумпи за вода.

Припадниците на Одделението за вонредни состојби интервенирале и за испумпување на вода од зградите во Белград, Крушевац и Ивањица, а во тек се интервенции во Крушевац, Панчево и Белград. Во расчистувањето на последиците од силното невреме што го зафати Белград беа ангажирани повеќе од 160 полицајци од различни организациски единици на Единицата за интервенции, Полициската бригада, полициски станици и противпожарни спасувачи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

По вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба.

Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

На две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер