Српскиот Парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ - Канал 5

Српскиот Парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ

 Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот Парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ

Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ му се заблагодари на Вучевиќ за чесното и чесно извршување на должноста додека ја извршуваше функцијата премиер.

Вучевиќ изјави дека по констатираната оставка денеска во српското Собрание, почнува рокот за избор на нова влада, наведувајќи дека е за таа опција, а не за избори.

Toj во изјава за ТВ Пинк рече дека „нема да има преодна, лажна влада“.

„Нема да има преодна влада...Како претседател на Српската напредна странка, велам дека нашите пратеници нема да гласаат за преодна влада“, изјави Вучевиќ, нагласувајќи дека опозицијата подготвува „радикализација“ во обид да постигне преодна влада.

Оставката на Вучевиќ беше поднесена три месеци по пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад, негов роден град и каде беше претходно градоначалник, која однесе 15 човечки животи. Трагедијата е причина за масовни протести низ цела Србија што се уште траат.

По него оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ Доколку во неделата изјави дека ако не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“.

Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари.

Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор.

- Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата, истакна Трамп.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“. /МИА

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

​Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица.

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

Како довчерашните скромни момчиња, сега станаа тајкуни?

Дали Апасиев и луѓето околу него едвај чекаа да дојдат на власт, за да се богатат?

Глумецот Апасиев, кој одеше со точак на работа и глумеше дека е дете од ниска класа, сега преку Левица купува деловни простори од над 400м2, во соработка со извршителите, кои до вчера ги плукаше и укинуваше.

Деловниот простор кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, е во сопственост на членот на Централниот комитет на Левица и член на УО на Водовод, Зоран Ивановски.

Излегува на виделина целата вистина околу вистинското лице на Левица и Апасиев. Од велосипеди, глумење скромност, до џипови паркирани по тревници до Собрание. Од подрум, до деловен простор со кафуле “Павилјон 36”. Од плукање и укинување на извршителите, до соработка со нив за купување на простор по 3 пати пониска цена од пазарната.

Апасиев и Левица се демаскирани. Толку од нивната пропаганда дека се чесни, скромни и работници. Преку ноќ, тие станаа могули со кафулиња, врз грбот на нивните членови.

Апасиев да одговори на што ги троши чланарините на неговите членови? Дали за деловни простории, џипови или луксузни одмори во Грција?

Апасиев и Левица се прочитани!

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го назначи тренерот на резервниот тим, Серхио Франциско, за главен тренер од следната сезона, на местото на Иманол Алгуасил, кој ја напушта позицијата на крајот од тековната сезона.

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Алгуасил, кој седна на клупата на Сосиедад во 2018 година, го освои Купот на кралот во 2020 година и го предводеше Реал на европската сцена пет сезони по ред. Во четврток, тој го информираше клубот дека ќе ја напушти тренерската должност на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот.

Неговиот наследник Франциско (45) потпиша договор до 2027 година.

Реал Сосиедад е десеттопласиран на табелата во Ла Лига со 42 бодови и сè уште има шанси повторно да се квалификува за европските натпреварувања. /МИА

притисни ентер