Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ги шокира сите со објавата од болнички кревет (ФОТО) - Канал 5

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ги шокира сите со објавата од болнички кревет (ФОТО)

Рокерот Ѓорѓе Давид сериозно ја загрижи јавноста со слика од болнички кревет, каде што може да се види како е поврзан со машини.

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ги шокира сите со објавата од болнички кревет (ФОТО)

Сето ова е за улогата што ја доби во серијата на Пинк, која веднаш ја откри во својата објава.

- Сериозно отруен.... се бори за својот живот! Итно хоспитализиран во приватна клиника во Винча! Веруваме во него.... во Аризона! Снимање на серијата „Наследство“! - напиша тој.

Иако објасни сè во својата објава, луѓето се малку лути во коментарите, бидејќи, како што велат, на почетокот сите мислеле дека неговиот живот е навистина во опасност, објави Телеграф.

Ѓорѓе ќе го игра првиот човек на мафијата

Малкумина знаат дека Ѓорѓе Давид дипломирал на Факултетот за драмски уметности кај професорот Предраг Бајчетиќ, и дека бил во иста класа со Аница Добра, Слободан Бештиќ, Небојша Бакочевиќ и Горан Радаковиќ.

Поради обврските со музиката, но и како судија во „Ѕвезде Гранда“, Ѓорѓе ја стави својата примарна занимација на втор план, но ситуацијата сега се промени.

Како што се дознава, тој сега е избран за серија во која ќе игра човек кој е шеф на мафијашка група.

- Серијата сè уште не започнала со снимање. Ѓорѓе Давид е избран за одлична улога, тој ќе игра опасен гангстер кој ќе биде шеф на мафијашка група. Ѓорѓе ја прифати улогата без збор, и мислам дека ќе се снајде одлично, сепак има многу актерско искуство. Сè уште преговараат за деталите, но работата на серијата е на пат да започне - рече тогашниот извор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата.

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС

Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги.

Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните.

А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика од онаа која ја има во неговиот филм. На кратко, во најголемата енергетска криза дизелот има најниска цена во Македонија. Пензиите растат. Платите во сите сектори од образование, здравство, МВР се покачуваат редовно според планот.

Талогот од СДС знае само за марихуана економија, а истата им носи добивка само на неколкумина или на контрашот Филипче, неговиот учител Заев кој продаде се што можеше да се продаде од државата.

И да нема дилема кај Филипче, тој може да продолжи со неговиот филм. На ВМРО-ДПМНЕ тој филм му одговара затоа што овој филм на Филипче го носи СДС кон порази. И да е јасно, секако, тоа не е добро за државата, затоа што е потребна здраво поставена опозиција. Но, работата на ВМРО-ДПМНЕ е да се грижи за граѓаните и државата и да повика да се консолидира опозицијата.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Овации за Лука Модриќ во Севиља

Момент за паметење во Севиља, стоечки овации за легендата на светскиот фудбал, Хрватот, Лука Модриќ која синоќа на дербито Шпанија- Хрватска влезе во игра дури во 81-вата минута.

Видео: Овации за Лука Модриќ во Севиља

Шпанската фудбалска публика дефинитовно добро го памети и почитува поранешниот ас на Реал Мадрид.

Капитенот на Хрватска доби громогласни овации од шпанската публика, иако играше за противничкиот тим.

Лука Модриќ го започна натпреварот против Шпанија од клупата за резерви, но неговото влегување во завршницата на мечот донесе еден од највпечатливите моменти на вечерта во Севиља.

Славен Билиќ одлучи да го внесе капитенот во игра дури во 81-вата минута, на местото на Петар Сучиќ, а публиката го поздрави со громогласни овации.

Речиси сите на трибините станаа за да го поздрават со аплауз хрватскиот играч за врска, кој најдобрите години од својата кариера ги помина во Шпанија, играјќи за Реал Мадрид. Иако сега беше на спротивната страна, домашните навивачи му покажаа голема почит.

Отсуството на Модриќ од почетниот состав беше едно од изненадувањата што Билиќ ги подготви за натпреварот против актуелните европски и светски шампиони. Хрватска губеше со 3–1 кога тој влезе во игра, а натпреварот заврши со победа на Шпанија од 4–1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.

 Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако ајкулата не успеала сама да го најде патот назад кон отвореното море, но обидот бил неуспешен.

Крајбрежната стража и други служби ангажирале пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови.

Ајкулата дури добила и прекар

Како што пренесе весникот „Чосун дејли“, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат ајкулата од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана вистинска ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“.

За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетиле крајбрежниот парк каде што се појавила ајкулата. Според соопштението од градот Бусан и медиумските извештаи, паркот вообичаено привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите.

Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот. И други приказни поврзани со животни претходно привлекле големо внимание во Јужна Кореја.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер