Српски градоначалник поднесе оставка по секс скандалот во општината (видео) - Канал 5

Српски градоначалник поднесе оставка по секс скандалот во општината (видео)

Градоначалникот на српската општина Брус, осомничен за сексуално вознемирување на поранешната секретарка поднесе оставка.

Српски градоначалник поднесе оставка по секс скандалот во општината (видео)

Аферата на Милутин Јеличиќ – Јутка кулминираше пред три дена, кога, како што пишува српски Курир спречил, жителите на неговата општина да гледаат телевизиска емисија, на која, гостувала неговата поранешна секретарка, која требала да зборувала за сексуалното изживување врз нејзе од страна на Јеличиќ.

Тој, како што пренесува Курир, непосредно пред почетокот на емисијата наредил да се прекине струјата во објектот, каде што се наоѓале просториите на кабелскиот оператор, а дел од неговите приврзаници оделе од куќа до куќа и ги сечеле каблите на операторот.

На тој начин, целата општина Брус останала без сигнал и не можела да го следи исповедот на неговата секретарка.

Таа го обвинува Јеличиќ за сексуално вознемирување и уценување, кое за возврат требало да донесе напредување во работата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали во Бундестагот: Постепената интеграција треба да донесе придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ

Во рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Бајер.

Сали во Бундестагот: Постепената интеграција треба да донесе придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ

Во рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Бајер, на која се разговараше за европската перспектива на Македонија, најновите случувања во политиката на проширување на Европската Унија и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите беше постепената интеграција во единствениот европски пазар, како механизам што овозможува конкретни придобивки за граѓаните и компаниите паралелно со спроведувањето на реформите и напредувањето кон полноправно членство.

Министерот Сали го истакна значењето на новиот пристап на Европската комисија за подготовка на поширока Европска Унија, нагласувајќи ја потребата процесот на проширување да биде подинамичен, попредвидлив и заснован на заслуги.

„Европската интеграција не треба да започне дури на денот на пристапувањето. Нашите граѓани и компании треба да ги почувствуваат придобивките од приближувањето кон Европската Унија уште сега. Постепената интеграција е можност европската перспектива да ја претвориме во конкретни резултати, додека продолжуваме со реформите неопходни за полноправно членство“, истакна Сали.

Како конкретен пример беше посочено вклучувањето на Македонија во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што овозможи намалување на трошоците за прекугранични трансакции и проценети заштеди од над пет милиони евра. Се разговараше и за напредокот во преговорите за роаминг со ЕУ, подобрувањето на регионалната поврзаност и олеснувањето на протокот на стоки.

Внимание беше посветено и на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од Македонија во контекст на правилата за престој во Шенген-зоната, како и на потребата од разгледување практични решенија што ќе го зачуваат функционирањето на синџирите на снабдување и економските врски со европскиот пазар.

На средбата се разговараше и за спроведувањето на Реформската агенда во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на владеењето на правото, јавната администрација, дигиталната трансформација и економската конкурентност.

Министерот Сали ја потврди посветеноста на Македонија на реформите и на праведен, кредибилен и објективно заснован процес на пристапување, нагласувајќи го значењето на дијалогот со Германија и нејзината улога во регионалната соработка и процесот на проширување на ЕУ.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелските доктори ќе продолжат да ги лекуваат повредените во катастрофалниот пожар во Кочани

Тим хирурзи од израелскиот медицински центар „Шеба“ (Sheba Medical Center) повторно пристигна во Македонија за да продолжи со специјалистичкото лекување на повредените во трагичниот пожар во „Пулс“ во Кочани од16 март 2025 година. 

Израелските доктори ќе продолжат да ги лекуваат повредените во катастрофалниот пожар во Кочани

Како што соопштија од медицинскиот центар преку својот официјален Instagram-профил, израелските специјалисти повторно ќе работат со македонските медицински тимови, при што се предвидени дополнителни прегледи и хируршки интервенции во Кочани и Скопје.

Во тимот се д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници при „Шеба“, д-р Матан Шерф, раководител на Одделението за микрохирургија во рамките на Одделот за хирургија на рака, и д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург, специјализиран за зачувување на екстремитетите.

Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа дел и од медицинскиот тим на „Шеба“ што пристигна во земјата непосредно по трагедијата, кога заедно со домашните лекари учествуваа во згрижувањето и лекувањето на повредените.

Нивната повторна посета е насочена кон продолжување на третманите и дополнителните хируршки процедури кај пациентите на кои им е потребна понатамошна специјализирана медицинска грижа.

Во објавата, медицинскиот центар сподели и фотографии од хируршкиот тим за време на интервенциите.

„Во Шеба веруваме во надеж без граници“, порачаа од израелскиот медицински центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Гласот на секое населено место е важен!

Продолжуваме со средбите во населените места на општина Кавадарци.

Јанчев: Гласот на секое населено место е важен!

Вечерва во фокусот беа Глишиќ, Марена и Сопот, каде остваривме директни средби со жителите и разговаравме за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на населените места.

Размената на мислења и конкретните иницијативи се важен дел од подготовката на Програмата за работа за 2027 година, со цел да се утврдат приоритетите и активностите што ќе одговорат на барањата на граѓаните.

Гласот на секое населено место е важен!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер