БалканСрпската влада ги усвоија мерките што ги најави претседателот Вучиќ по масовните убистваСрпската влада ги усвои мерките што денеска ги најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кои беа предложени по злосторството во Младеновац, кои МИА во целост ги пренесува, јави дописникот од Белград.Во соопштението до јавноста од срспката Влада се наведува дека Министерството за внатрешни работи итно ќе подготви измени на Законот за оружје и муниција со кои би се заостриле условите за чување и носење кратко огнено оружје, а за оние кои нема да ги исполнат построгите услови ќе се обезбеди задолжителен откуп на оружје. Оваа мерка се донесува со цел да се намали бројот на кратко огнено оружје што го поседуваат правни и физички лица за деведесет отсто. Измените на Законот за оружје и муниција ќе предвидат задолжителни проверки на лицата на кои им е дозволено да поседуваат оружје (вклучително и ловечко оружје), што би опфатило медицински, психијатриски и психолошки прегледи, како и задолжителен тест за психоактивни супстанци. Овие проверки ќе се вршат на секои шест месеци и годишно. МВР ќе ја разгледа и потребата од заострување на условите за поседување ловечко оружје. Министерството за внатрешни работи, покрај мерката мораториум за издавање дозволи за поседување и носење кратко огнено оружје, донесена на 4 мај 2023 година, ќе ги преземе сите мерки од својата надлежност за обезбедување мораториум за издавање дозволи за поседување и носење ловечко оружје на две години. Министерството за внатрешни работи ќе упати јавна покана до лицата кои нелегално поседуваат оружје и експлозивни направи да го предадат во рок од еден месец без последици. Министерството за правда во рамките на постоечката Работна група за измена на Кривичниот законик ќе подготви измени на законот со кои би се заостриле казните за кривичното дело „недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ од член 348. Подготвените измени ќе се однесуваат на заострување на казните за следните кривични дела. • секој што неовластено прави, менува, продава, набавува, разменува или чува огнено оружје за кое може да се добие дозвола ќе се казни со затвор од 1 до 8 години. • секој што неовластено прави, менува, продава, набавува, разменува или чува огнено оружје за кое неовластено не може да се добие дозвола, ќе се казни со затвор од 2 до 12 години. • секој што неовластено прави, преработува, продава, набавува, разменува или чува големи количества оружје или оружје со голема разорна моќ ќе се казни со затвор од 5 до 15 години. • тој што неовластено носи оружје за чие стекнување и држење нема дозвола од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 5 до 15 години. • тој што неовластено носи оружје за чие стекнување и држење има дозвола од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 1 до 8 години. Во согласност со заострувањето на казните за кривичното дело од член 348 од Кривичниот законик, казните за други слични кривични дела, како што е член 347 од Кривичниот законик „изработка и набавка на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“ , соодветно ќе се зголеми. Во рок од еден месец Министерството за образование ќе подготви измени на прописите со кои ќе се заострат санкциите за учениците кои ќе ја прекршат пропишаната забрана за внесување алкохол, дрога, психоактивни супстанци, оружје, пиротехнички предмети или други алатки кои можат да повредат или загрозат друго лице. Ќе се заострат санкциите со што ќе се скратат роковите, ќе биде поефикасна дисциплинската постапка и ќе се предвиди задолжително исклучување на учениците од наставата. Денеска, како и сабота 6 мај и недела 7 мај се прогласени за денови на жалост поради трагичниот настан во Младеновац, се наведува во соопштението на срспката влада. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ТехнологијаНАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секогоАмериканската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината. Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги. Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки. Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година. Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS). Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината. За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06