Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио
2Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио
3Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
БалканСрпска министерка: Го запревме ширењето на африканската свинска чума Србија успеа да го спречи ширењето на африканската свинска чума, изјави денеска српската министерка за земјоделство Јелена Танасковиќ.Откако беше откриено ширењето на инфекцијата, во Србија се еутаназирани 38.000 свињи, изјави Танасковиќ за РТС. Министерството и инспекциските служби воспоставија систематска одбрана на големите фарми, што даде резултати, а државата редовно им исплаќа отштета на сопствениците чии свињи се на помалите фарми, додаде министерката. Таа тврди дека „нема повеќе паника“ меѓу одгледувачите на свињи. Министерката најави дека државата ќе продолжи да ги охрабрува земјоделците со субвенции. Земјоделските експерти и економисти на крајот на август предупредија дека поради африканската чума во Србија ќе биде уништен најмалку 1,5 отсто од фондот во свињарството и дека увозот на живи грла е за 45 отсто поскап од лани. Најавено е дека сегашното поскапување на свинското месо во Европа за 30 до 40 отсто ќе се одрази и во Србија, иако проценките во колкав процент, не беа прецизирани. Сточарите и трговците секако ќе ја имаат предвид економската моќ на населението. Цените ќе растат, но ќе бидат на разумно ниво, имајќи го предвид континуираниот пад на куповната моќ на граѓаните во последните шест месеци, изјави Бојан Станиќ од Стопанската комора на Србија. Според полугодишниот пресек на потрошувачките цени во периодот јули 2022 - јули 2023 година, годишната стапка на инфлација во Србија изнесува 12,5 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВлада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радиоУправата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизијаВо врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности. Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаБојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурностДенеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство, за платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните.Економските резултати се мерат со бројки. А бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, платите и пензиите растат значително побрзо. Ајде да направиме директна споредба. Во јуни 2017 година, кога СДС дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.800 денари. До мај 2024 година, таа порасна на 41.250 денари. Тоа значи дека за 84 месеци, односно за седум години, просечната плата се зголемила за нешто над 18.400 денари, во просек, тоа е раст од околу 220 денари месечно. Сега да видиме што се случува со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше околу 40.900 денари, а во мај 2026 година достигна над 49.500 денари. За само 23 месеци, просечната плата е зголемена за околу 8.600 денари. Тоа е просечен месечен раст од над 370 денари, односно околу 70% побрз раст, во споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ. Но разликата не се гледа само кај платите, таа е уште појасна и поголема кај пензиите. Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари. Во мај 2024 година таа достигнала над 22.900 денари. Што значи, за седум години, пензијата се зголемила за скоро 7.700 денари, односно во просек растела за над 9 денари месечно. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, просечната старосна пензија во јули изнесувала 22.850 денари, која во мај 2026 година достигна над 29.700 денари. Тоа е зголемување од над 6.800 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од околу 300 денари, што значи дека месечниот раст на старосната пензија во периодот на оваа Влада е околу 325% поголем во споредба на периодот на претходната влада на СДС и ДУИ. Почитувани, Ова е разликата меѓу политики што носат резултати и политики што остануваат само на зборови. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е повисоки плати, повисоки пензии, повеќе инвестиции, повеќе работни места и повисок животен стандард за сите граѓани и во таа насока, уште попосветено ќе продолжи да работи. Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Драгана Бојковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter