Средношколците продолжуваат со бојкот на настават, МОН не го менува ставот за државната матура

„Државната матура е задолжителна за учениците кои сакаат да продолжат со високо образование.“ 

Ова го кажа министерката за образование Мила Царовска која не отстапува од ставот дека државната матура мора да се спроведе. На матурантите им порача – доколку одбиваат да ја полагаат државната, имаат избор да полагаат училишна матура.

„Оние ученици кои не сакаат да полагаат државна матура имаат избор да изберат училишна матура и стручен испит тоа е ставено во концепцијата за матура и можат да полагаат токму тоа што го бараат 2 предмета и проектна задача. Но, за да може да се продолжи во високо образование потребно е да се полага државна матура, за неа се имаат пријавено повеќе од 14 илјади ученици, во соодветниот рок и проектна задача и изборни предмети и тоа укажува дека тие најверојатно ќе полагаат и тоа се поголем процент од учениците кои завршуваат средно образование.“ изјави Мила Царовска, министер за образование и наука

Од Сојузот на средношколци велат дека бројот на матуранти кои ја бојкотираат наставата е ист како вчера, а само мал дел од училиштата го прекинале отсуството поради, како што велат притисоци и закани со кои се соочуваат од страна на наставниците и директорите.

„ Има неколку родителски средби во Куманово, така што има неколку училишта таму што не протестираат поради притисоците, исто во Штип имаше многу притисоци, така што само медицинското во Штип бојкотираат./ Класните раководители требаше да имаат родителски средби со родителите на матурантите, за да кажат да не бојкотираат, така што имаше многу притисоци вчера, но денеска продолжува бојкотот и процентот кои бојкотираат се води исто како вчера. “ изјави Бленди Ходаи, Сојуз на средношколци

Бојкотот на средношколците ќе продолжи и во наредните денови. Тие до крајот на неделава ќе пратат и петиција до мининстерката Царовска, а ќе бараат и пратениците да ги чујат нивните предлози на јавна расправа во законодавниот дом. Главното барање им е годинава за државна матура наместо четири, да се полагаат два предмети.

Реал се откажа од трансферот на Дејвис

Лидерот во шпанското првенство Реал Мадрид ги прекина преговорите за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис во претстојниот летен преоден рок, објавија денеска шпанските медиуми.

Според „Релево“, Реал ги променил приоритетите во плановите за засилување на одбранбената линија пред почетокот на следната сезона.

Реал постигна вербален договор со левиот бек Дејвис, но приоритетна трансфер цел на Кралскиот клуб во дефанзивата сега е централниот бек на францускиот Лил, Лени Јоро.

Според медиуми, Дејвис би можел да му се приклучи на Реал, но по крајот на следната сезона, кога му истекува договорот со Баерн.

Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со 185кг крап

Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со 185кг подмладок на крап.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче.

Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство. - изјави Трипуновски.

Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов.

Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија.

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга, која е под истрага за корупција.

Илјадници шпански новинари јавно изразија поддршка на премиерот на земјата Педро Санчез, кој објави дека ги суспендира своите јавни активности поради истрагата против неговата сопруга Бегоња Гомез за трговија со влијание и корупција.

Санчез, кој в понеделник треба да ја соопшти одлуката за тоа дали ќе остане на функцијата, ги обвини истражителите за неосновани напади под влијание на десничарските и екстремно десничарските политички противници.

Како поддршка на Санчез, неколку илјади новинари потпишаа онлајн-манифест во кој се вели дека „нападот на медиумите и екстремно десничарските функционери во судството против сопругата на премиерот е нов обид да се поткопа со незаконски средства народната волја изразена на изборите“.

„Долупотпишаните новинари го повикуваат граѓанското општество да се приклучи на овој манифест и да се мобилизира на социјалните мрежи и на улиците против ова антидемократско безобразие“, се вели во манифестот.

притисни ентер