Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга - Канал 5

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга, која е под истрага за корупција.

Шпански новинари потпишаа манифест во одбрана на премиерот Санчез и неговата сопруга

Илјадници шпански новинари јавно изразија поддршка на премиерот на земјата Педро Санчез, кој објави дека ги суспендира своите јавни активности поради истрагата против неговата сопруга Бегоња Гомез за трговија со влијание и корупција.

Санчез, кој в понеделник треба да ја соопшти одлуката за тоа дали ќе остане на функцијата, ги обвини истражителите за неосновани напади под влијание на десничарските и екстремно десничарските политички противници.

Како поддршка на Санчез, неколку илјади новинари потпишаа онлајн-манифест во кој се вели дека „нападот на медиумите и екстремно десничарските функционери во судството против сопругата на премиерот е нов обид да се поткопа со незаконски средства народната волја изразена на изборите“.

„Долупотпишаните новинари го повикуваат граѓанското општество да се приклучи на овој манифест и да се мобилизира на социјалните мрежи и на улиците против ова антидемократско безобразие“, се вели во манифестот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

 Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Ѓорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

- Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.

Парното во Скопје повторно поскапува:  Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти.

Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер