Средба Османи-Стоев во Анталија - Канал 5

Средба Османи-Стоев во Анталија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Светлан Стоев, соопшти МНР.

Средба Османи-Стоев во Анталија

Османи и Стоев се сретнаа на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Анталија, Турција.

На средбата соговорниците ги реафирмираа заемните заложби за одржување континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.

Со особено внимание беа разгледани перспективите за постигнување на исчекор во процесот на европската интеграција на Македонија.

На средбата беше истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји.

Соговорниците заклучија дека проширувањето и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји е од заеднички интерес и во тој контекст, Османи истакна:

"Ние сме целосно посветени и подготвени за унапредување на билатералните односи со Бугарија, за зголемување на соработката и надминување на сите предизвици. Бугарија го поддржуваше напредокот во интеграцијата на Македонија во НАТО како и приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската унија. Членството на Македонија во ЕУ е стратешки интерес на Македонија и Република Бугарија и убедени сме дека двете држави и двете општества ќе изнајдат сили за да ги надминат предизвиците и недоразбирањата, врз основа на европските вредности и поттикнати од силната верба во заедничката иднина, како дел од семејството на европските демократски народи"

Османи, денеска, веднаш по завршување на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на ПСЈИЕ, заминува директно за Софија на средби со бугарскиот државен врв, како дел од владината делегација на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принципиелна поддршка од Република Ирска за евроинтеграциите на Република Македонија

Средба на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски и пратеничката Даниела Белимово со Бери Ворд, претседател на Заедничката комисија за прашања на Европската Унија при ирскиот Парламент.

Принципиелна поддршка од Република Ирска за евроинтеграциите на Република Македонија

Во рамки на учеството на Интерпарламентарната конференција на тема „EU Enlargement: A Strategic Agenda for Europe’s Future“, која се одржува на 28 и 29 септември во Тирана, Република Албанија, делегацијата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, составена од потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата, Антонијо Милошоски, и пратеничката Даниела Белимова, член на Комисијата, остварија билатерална средба со делегација од Ирска, предводена од Бери Ворд, претседател на Заедничката комисија за прашања на Европската Унија при ирскиот Парламент.

На средбата беше потврдена силната и континуирана поддршка од Ирска за европската перспектива на Република Македонија и за напредокот на земјата кон полноправно членство во Европската Унија.

Во разговорот беше истакнато значењето на примената на јасни, објективни и мерливи критериуми во процесот на пристапување, при што фокусот треба да биде ставен на исполнувањето на Копенхашките критериуми, спроведувањето на неопходните реформи и постигнатите резултати од секоја земја кандидатка. Беше нагласено дека пристапниот процес треба да се темели на мериторен принцип, односно напредокот да зависи од индивидуалните постигнувања и исполнувањето на преземените обврски.

Во тој контекст, беше истакнато дека билатералните прашања не треба да го определуваат или попречуваат европскиот интегративен процес, туку дека клучен фокус треба да останат европските стандарди, реформите и исполнувањето на критериумите за членство.

Особено беше поздравена поддршката од Ирска во периодот на нејзиното тековно претседавање со Советот на Европската Унија, како важен придонес кон одржувањето на кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги процес на проширување.

Соговорниците ја истакнаа и важноста од продолжување на парламентарната соработка и размената на искуства, особено во делот на европските интеграции, реформските процеси и јакнењето на парламентарниот надзор врз исполнувањето на европските стандарди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Renault“ ја оживува легендата од 1960-тите: Новиот „8 Gordini“ е електрично возило со 270 КС

Концептот „Renault 8 Gordini“ пристигнува со електромотор, погон на задните тркала и конфигурација со две седишта.

„Renault“ ја оживува легендата од 1960-тите: Новиот „8 Gordini“ е електрично возило со 270 КС

„Renault“ продолжува да ги оживува своите историски модели, а најновиот концепт е инспириран од моделот „8 Gordini“ од 1960-тите години.

За разлика од оригиналот, кој имаше бензински мотор поставен назад, новиот концепт „8 Gordini“ е целосно електрично купе со две седишта.

Оригиналниот „Renault 8 Gordini“ беше претставен во 1964 година како спортска верзија на семејниот седан, со мотор поставен назад и погон на задните тркала.

Се одликуваше со помоќен мотор, спуштена суспензија, подобрени сопирачки и карактеристична сина каросерија со бели тркачки ленти.

Новиот концепт ја задржува таа препознатлива шема на бои со сина и бела лента, но има поинакви пропорции кои му даваат на автомобилот поагресивен изглед.

Долг е 4,12 метри и широк 1,88 метри, со висина од само 1,27 метри. Поставен е на тркала од 19 и 20 инчи.

На предниот дел се наоѓаат шест тркалезни LED-фарови, додека задните светла се интегрирани во каросеријата.

Исто така, поседува широки крила, кровен спојлер, голем дифузор и отвори за воздух.

Минималистичка кабина

Внатрешноста црпи инспирација од автомобилите на аналогната ера.

Наместо големи екрани, контролната табла содржи шест тркалезни инструменти со истакнати рамки, поставени на панел од брусен алуминиум.

Кабината вклучува детали од Алкантара, алуминиумска централна конзола со физички прекинувачи и две спортски седишта тапацирани со црно-сина ткаенина.

Од „Renault“ наведуваат дека дизајнерите создале повеќе од 300 скици за овој проект.

Целта беше да се спојат елементи од историските модели со современ дизајн.

270 КС на задните тркала

„Renault“ сè уште нема објавено детални технички спецификации за батеријата и опсегот на движење, но се наведува дека концептот се придвижува од еден електромотор со моќност од 270 КС, кој ја пренесува силата на задните тркала. Концептот нема да влезе во сериско производство, „Renault“ го користи како дизајнерска студија и како продолжение на проекти што истражуваат како неговото наследство може да се поврзе со идните модели.

Концептот „Renault 8 Gordini“ ќе има јавна премиера на 24 септември, а потоа ќе биде изложен на Саемот за автомобили во Париз во октомври.

Подоцна, тој ќе стане дел од колекцијата во новиот музеј на „Renault“ во Флинс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран е бесен: „Ќе одговориме доколку е потребно“

Иранската амбасада во Лондон „категорично ги отфрли и остро ги осуди неодамнешните неосновани и злонамерни шпекулации“ кои го поврзуваат Иран со планирање на напад врз британска воздухопловна база што ја користат САД.

Иран е бесен: „Ќе одговориме доколку е потребно“

„Ширењето на такви измислени шпекулации – особено по криминалните акти на агресија извршени од страна на САД и израелскиот режим врз иранскиот народ – не служи за никаква друга цел освен за поттикнување на иранофобична пропаганда во Обединетото Кралство“, наведе амбасадата во објава на платформата „X“.

Оттаму додадоа дека Иран „го задржува правото да преземе соодветни правни дејствија, доколку е потребно, за да ги заштити правата и интересите на земјата и нејзиниот народ како одговор на погрешните и штетни медиумски наративи“.

Според британската полиција за борба против тероризмот, вчера биле уапсени петмина Британци на возраст меѓу 20 и 30 години под сомнение за подготовка на терористички напад и кривични дела поврзани со експлозиви. Апсењата уследија по пријавите за три сомнителни возила во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд, Глостершир – објект што го користат Воздухопловните сили на САД (USAF). Поради инцидентот, пријавен во неделата околу 00:45 часот по полноќ, беше прогласена вонредна состојба, а десетици жители од блиското село Велфорд беа евакуирани од своите домови, пренесува Би-Би-Си. Околу областа е поставен полициски кордон во радиус од 400 метри, а распореден е и тим за интервенција во опасни средини како дел од голема операција на службите за итни случаи.

Британската влада им дозволи на САД да ја користат базата на „RAF“ во Ферфорд, во југозападна Англија, за изведување напади врз ирански ракетни локации кои претставуваат закана за бродовите во Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер