3Ќе има ли скратени часови во училиштата поради високите температури – што предвидуваат протоколите на МОН?
3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
БалканСредба на Вучиќ со српскиот патријарх Порфириј и претседателот на РССредба на Вучиќ со српскиот патријарх Порфириј и претседателот на РС посветена на „клучни национални прашања“.Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј и претседателот на Република Српска Милорад Додик, на „разговори за сите клучни национални прашања за српскиот народ“, јави дописникот на МИА од Белград. -Разговарав за сите клучни национални прашања за српскиот народ со патријархот Порфириј и Милорад Додик. Беа договорени во блиска иднина важни заеднички состаноци на територијата на Република Српска, а патријархот Порфириј и јас го прифативме предлогот на претседателот Додик, комеморацијата на Денот на сеќавањето на сите Срби кои загинаа или беа прогнани во акцијата „Олуја“ да се одржи во Приједор на 4 август, напиша Вучиќ на својот Инстаграм. Пред пристигнувањето на патријархот Порфириј, Вучиќ и Додик разговараа за состојбите во регионот и за претстојните средби на делегациите на Република Србија и Република Српска. Како што соопшти Вучиќ на Инстаграм, се договориле и што поскоро да се организира состанок на сите државни органи на Србија и РС на територијата на Република Српска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКолапси и зголемен број интервенции на брзата помош поради високите температури Жештините не се само непријатност, туку сериозен ризик за здравјето. Високите температури се причина за зголемена омалаксаност, колапси и други здравствени проблеми, а лекарите бележат и поголем број интервенции. Само во последното деноноќие, на бројот за итни медицински помош биле регистрирани 84 повици, од кои 30 итни. Докторката Елена Карева-Пиловска за Канал 5 вели дека најголем број од интервенциите се за колапси Доктор Елена Карева Пиловска вели дека топлите ноќи го нарушуваат сонот, а ненаспаноста и заморот се особено ризици за возачите бидејќи се намалува концентрацијата , што може да биде причина и за сообраќајни незгоди. Иако температурите ке останат речиси исти почнувајки од попладнево од УХМР најавуваат промена на временската состојба. Се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места се можни и поинтензивни врнежи.. Граѓаните се повикуваат да ја следат прогнозата и навремено да ги преземат потребните мерки. Од УХМР апелираат граѓаните да ги избегнуваат најкритичните часови, да престојуваат во сенка и редовно да пијат вода. Препораките особено важат за најтоплиот дел од денот, кога температурите го достигнуваат својот максимум. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон МихаиловСимеон Михалов, таткото на Ива Михаилова, по кого македонското МВР има распишано меѓународна потерница, сè уште се бара за издржување на затворска казна од 12 години и шест месеци. Од МВР за Канал 5 велат дека немаат информација од бугарските власти дека Михаилов е лоциран или лишен од слобода во Бугарија, иако тој во изминатите денови јавно се појави во бугарските медиуми зборувајќи за случајот на неговата ќерка на која и се суди во кочанскиот суд. -Доколку МВР на Р.С.Македонија биде информирано од страна МВР на Р.Бугарија дека лицето за кое прашувате е лоцирано или лишено од слобода врз основа на наша распишана меѓународна потерница, потоа Министерство за правда на Р.С.Македонија треба да се обрати до Министерството за правда на Р.Бугарија, со доставување на потребна документација за екстрадиција. Постапката за лицето предмет на интерес не е започната затоа што, не сме известени од бугарска страна дека лицето е лоцирано и лишено од слобода.- МВР И од Министерството за правда велат дека постапката за екстрадиција ќе ја започнат откако ќе добијат известување дека Михаилов е уапсен. Тој е во бегство од 2013 година, правосилно е осуден за обид за убиство на Драганчо Стоименов во скопската населба Аеродром, како дел од кочанската група „Детонатор“. Во 2014 година беше екстрадиран во Македонија откако беше уапсен во Италија, а пет дена откако беше пуштен да се брани од слобода пак ја напушти земјава. Оттогаш по него е активна и меѓународната потерница. Случајот го коментираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој побара од Бугарија да го испорача Михаилов, потсетувајќи дека двете земји се сојузници во НАТО. -Ние имаме потерница и очекуваме нашите партнери да постапат соодветно на партнерството бидејќи ние сме партнери со нашиот источен сосед во една друга Алијанса која што се вика НАТО Алијанса. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачааат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата. Да видиме дали тоа е точно или не е точно, само на тој начин може да ја докаже својата невиност. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Појавувајќи се во бугарските медиуми Михаилов зборуваше за неговата ќерка на која во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќка со смртни последици. -Само тоа сакаме, да има правичен процес. Обвинителот и сите останати кои биле на местото знаат дека ниту 1 процент нема вина кај нашата ќерка Ива Михаилова. – Симеон Михаилов – Татко на Ива Таа има двојно, македонско и бугарско државјанство, и се жали на дискриминација, односно како што вели не ѝ е дозволено да се лекува во Бугарија, а на завчерашното рочиште присуствуваа и шестмина бугарски пратеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаЌе има ли скратени часови во училиштата поради високите температури – што предвидуваат протоколите на МОН?Освен со кратење на часовите училиштата против високите температури кои продолжуваат и на почетокот од новта учебна гоидна ќе се псравуваат и со други мерки. Министерката Весна Јаневска, велки дека во екстремно топли услови во училиушатат се применуваат специјалните протоколи како избегнување активности на отворено после 11, а прозорците во училниците треба да имаат ролетни или завеси кои не пропуштаат топлина. Ова значи дека топлиот бран автоматски сам по себе нема да значи кратење часови, туку училиштата ќе треба да ги следат протоколите и да одлучуваат кои мерки ќе ги применат. – Раководството на училиштата и самите наставници, тоа е дел од нивната работа, ќе се прилагодуваат на условите. Ако е жешко нема да вежбаат физичко, ќе имаат одмор – ликовно, музика, нешто друго...Јас не сакам да се мешам во вашата работа, но еве една идеја - Ако е поладно ќе направат и некоја физичка вежба. Таму во протоколите пишува кога треба да се отворат, кога да се затворат прозорите, кои активности треба да ги имаат децата. Мора да се прилагодуваме на се што ќе биде предизвик. - Весна Јаневска, министерка за образование и наука Главен приоритет за Јаневска по ова прашање е сите училишта да добијат соодветни клима уреди во иднина, но истакна дека засега, не може конкретно да каже кога во секое училиште би имало клима уред. Од друга страна, веќе има и училишта кои имаат клими во дел од училниците – Доколку имаме подолг период на топли денови ние сме организирани, заедно со градоначалникот сме координирани. Имаме и дел од училниците кои што ни се со клима уреди, така да, без грижа да бидат и родителите и учениците, секако дека на прво место ни се децата и нивното здравје.- Фоника Станоева, директор на ОУ „Љубен Лапе“ Покрај во основното училиште Љубен Лапе, како што информираше градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митовски, и во останатите училишта на територија на општината наставата продолжува да се одвива без кратење на часовите. Инаку, дсел од училипштата можат да применат иу дел од останатите пшротоколи во справување со големите жештини, мегу нив и редовно -ровцетруваењ на училниците, како и информираењ на улениците од потребата од редовно хидрирање, како и преепоорајуи за носење на полесна облека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook