Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула - Канал 5

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, се сретна со претседателката на Република Косово, Јустина Широка-Пула.

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

Сиљановска-Давкова истакна дека македонско-косовските односи се пријателски и се одликуваат со отворена комуникација меѓу граѓаните и државните институции, како и со интензивна економска, трговска и културна соработка.

Двете претседателки ја поздравија денешната паритетна машко-женска застапеност, а како професорки ја истакнаа потребата од поширока и поинтензивна соработка во образованието и науката.

Претседателките веруваат дека добрососедството е важен предуслов за просперитет на Западниот Балкан, а во Процесот Брдо-Бриони препознаваат неопходен инструмент за градење меѓусебна доверба и сигурна европска перспектива, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На денешен ден во 1989 година Ескобар соборил патнички авион, при што загинале 110 луѓе

На 27 ноември 1989 година, летот 203 на авиокомпанијата „Авианка“ полета од Богота кон Кали.

На денешен ден во 1989 година Ескобар соборил патнички авион, при што загинале 110 луѓе

Само неколку минути по полетувањето, експлозија го разнесе авионот „Боинг 727“ во воздух. Сите 107 лица во авионот загинаа, како и три лица на земјата. Истрагата брзо утврди дека причината била бомба поставена од картелот „Меделин“, со цел да се убие тогашниот претседателски кандидат, Сезар Гавирија Трухилјо.

Гавирија требало да биде патник на тој лет, но во последен момент ги променил плановите и одлучил да не патува. Овој детал стана клучен момент во политичката историја на Колумбија, бидејќи неговиот подоцнежен избор за претседател за малку ќе беше спречен.

Одмаздата на Ескобар

Картелот „Меделин“, предводен од Пабло Ескобар, го сметал Гавирија за сериозна закана. Кандидатот се залагал за построг став кон нарко-картелите и за соработка со Соединетите Држави. Во атмосфера на страв и брутални пресметки, Ескобар наредил да се постави бомба во багажот на патниците, верувајќи дека на тој начин ќе елиминира еден од своите главни противници.

Експлозијата – која била снимена од локален жител што случајно го фотографирал небото – била толку силна што авионот буквално исчезнал во еден миг. Истрагата подоцна потврдила дека експлозивот го активирал соработник на картелот.

Последици што го променија текот на војната против картелите

Овој терористички чин предизвика шок во Колумбија и во целиот свет. Владата веднаш ги засили операциите против картелот „Меделин“, ставајќи го Ескобар под уште поголем притисок. Нападот го означи почетокот на најинтензивната фаза од конфликтот помеѓу државата и нарко-мафијата.

Сезар Гавирија Трухилјо преживеал бидејќи не бил во авионот. Една година подоцна, тој бил избран за претседател. Неговиот мандат ќе остане запаметен по борбата против картелите и разбивањето на мрежата на Ескобар.

Бомбашкиот напад врз летот 203 на „Авианка“ останува еден од најтешките терористички напади во историјата на Колумбија. На местото на падот сега стои мало спомен-обележје, а трагедијата сè уште се памети како пример за тоа до каде бил подготвен да оди картелот од Меделин во обидот да ја зачува својата моќ.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ и членовите Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ.

Средба на Сиљановска-Давкова со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ и членовите Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ.

Таа им честиташе на членовите на Претседателството за изборниот успех, како персонификација на довербата на граѓаните, изразувајќи особено задоволство од изборот на две жени во истото, како доказ за јакнење на женското политичко лидерство и голем демократски чекор напред.

За неа, стабилна Босна и Херцеговина, со предвидлива и сигурна европска перспектива е важен предуслов за мирен и просперитетен Западен Балкан.

Тие се заложија за поширока и поинтензивна економската соработка, соодветна на политичката, укажувајќи на важноста на транспортна поврзаност и мрежа, а особено на потребата од повторно воспоставување на авиолинијата Скопје–Сараево, како и унапредувањето на патната и железничката инфраструктура.

Соговорниците ја потенцираа важноста на образованието, науката и културата во градењето цврсти мостови меѓу двете држави и општества.

Сиљановска-Давкова ја посочи европската интеграција како заедничка стратешка цел, чие достигнување ќе значи крај на конфликтите и траен мир на Балканот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ

Охрид денеска беше политички центар на Балканот. 

Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ

Попладнево на прес-кофенренција по завршувањето на состанокот на лидерите на земјите дел од процесот Брдо-Бриони, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, изјави дека според неа има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ....

Афродита Рамос е во Охрид, повторно ја имаме во живо... Афродита, што друго изјави Сиљановска?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер