Средба на МЕП Муртезани со ГенСек Жовен - Канал 5

Средба на МЕП Муртезани со ГенСек Жовен

Техничката и експертската соработка е предуслов за успешно европско пристапување.

Средба на МЕП Муртезани со ГенСек Жовен

Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) - меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на европското право во националното законодавство и синхронизација на политиките меѓу министерствата и европските институции.

На средбата меѓу Муртезани и Жовен се разговараше за модалитетите за зајакнување на соработката меѓу МЕП и SGAE, преку изнаоѓање нови механизми и инструменти за поддршка на евроинтегративниот процес на Македонија, како и за примената на најдобрите европски административни практики и искуства стекнати во рамки на францускиот модел на меѓуресорска координација, како своевиден пандан на координативната улога што Министерството за европски прашања ја има во земјата, во контекст на евроинтеграциите. Муртезани и Жовен констатираа дека експертизата и методологијата што SGAE ја применува во доменот на усогласување и подготовка на национални позиции, може да претставува корисна референтна точка за македонските институции во периодот на скрининг и преговарање, особено во поглед на управувањето со сложени реформи и обезбедувањето на стабилност и конзистентност во националната политика кон Европската Унија.

Жовен ја презентираше улогата на Секретаријатот во процесот на формулирање и одбрана на француските интереси во рамките на Советот на Европската Унија, како и значењето на експертиза од линиските министерства за ефикасна имплементација на европските директиви. Муртезани истакна дека Северна Македонија веќе има воспоставено механизми за стратешка координација на европските прашања, но во наредната фаза од пристапните преговори ќе биде од исклучително значење да се обезбеди понатамошен трансфер на знаење, пристап до добри практики и техничка поддршка од партнерите како што е Франција.

Се разговараше и за досегашното искуство со програмата „Expertise France“ и долгогодишната поддршка во изградбата на институционални капацитети, како и улогата на обуките преку програмата „Formacion Administrative Superior“ (FASP) во развојот на човечки ресурси подготвени да одговорат на барањата на европското законодавство. Воедно, Муртезани и Жовен разменија мислења за потребата од унапредување на развојната соработка, особено преку мобилизирање на финансиски инструменти и грантови достапни преку Француската агенција за развој (AFD), PROPARKO и Expertise France, како и во согласност со билатералниот договор склучен меѓу двете влади во 2021 година.

Министерот Муртезани го поздрави фактот што Македонија останува стратешки партнер и во новата долгорочна Стратегија за развојна соработка на Франција за периодот 2025-2030, со која се продолжуваат и надградуваат активностите започнати во рамки на Евроазијската стратегија 2020 - 2024. Овој континуиран ангажман отвора нови перспективи за соработка во области како што се енергетската транзиција, управувањето со јавни ресурси, климатските политики и иновативното управување на локално и регионално ниво. Жовен и Муртезани се согласија дека е неопходно да се продолжи институционалната размена и заедничката работа преку европските инструменти TAIEX и TWINNING, како и преку обуки по француски јазик и специфични проекти за јакнење на административната отпорност.

Муртезани и Жовен констатираа дека продлабочувањето на техничката и административната соработка останува стратешки предуслов за градење стабилна институционална основа и ефикасна подготвеност на Македонија за претстојните европски предизвици. Во рамки на работната посета на Француската Република, МЕП Муртезани ќе има дополнителни разговори со раководствата на Француската агенција за развој и Expertise France, со цел отворање на нови канали за финансиска и експертска поддршка на нашите реформски и евроинтегративни процеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер