МакедонијаСредба на македонската и американската делегација во ПС НАТОРазговорите, како што информираат од собраниската прес-служба, се фокусираа на актуелните безбедносни состојби.На маргините на состанокот на Постојаниот комитет на ПС НАТО, беше реализирана средба на македонската и американската делегација во ПС НАТО, претставена од шефовите и замениците шефови на двете делегации: пратениците Драган Ковачки, Антонијо Милошоски, конгресмените Мајкл Тарнер и Линда Санчез. Разговорите, како што информираат од собраниската прес-служба, се фокусираа на актуелните безбедносни состојби, остварувањето на обврските на земјите-членки на НАТО во исполнувањето на целите за военото усовршување и одвојување на повисок процент за модернизација на националните одбранбени капацитети. Се разговарало и за перспективите на Алијансата во контекст на евентуални безбедносни предизвици и потребата за нивно соодветно пресретнување. Делегациите, се вели во соопштението, споделиле и видувања за мировниот процес за Украина, со очекувања за завршување на војната во што пократко време, со потпишување на одржлив мировен договор. Во светло на петгодишнината на членството на нашата земја во НАТО, беше реафирмирана натамошната поддршка од страна на САД, во контекст на Стратешкото партнерство. Беше поздравена улогата на нашата земја како кредибилен НАТО сојузник во зачувувањето на регионалната стабилност. Американската делегација се заблагодари на срдечниот прием во Собранието и упати честитки за успешно организираниот состанок на Постојаниот комитет на ПС НАТО. Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
МакедонијаСтојаноска: Познаваме поморбидни случаи од оној во Ѓорче Петров, неопходна е национална стратегијаЗачестените случаи на меѓуврсничко насилство го вклучи алармот за неопходноста од носење национална стратегија, вели во разговор за Канал 5, универзитетската професорка и социјолог, Татјана Стојаноска Иванова.. Сања Тајковска Ставров разговараше со неа.. Во видеото погледнете го целиот разговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Изјавата на Мерц ги разобличува лагите на владата дека не сме добродојдени во ЕУНа самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата, смета лидерот на СДСМ, Венко ФилипчеНа самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој воедно вели дека пораките на лидерите во црна гора се разобличиле како што вели лагите на владата дека не се добредојдени во Европската унија.. Ова филипче го изјава за време на денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и од „Корчуланската висока политичка школа“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен западен балкан... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
МакедонијаКомбајните жнеат јачмен, а откупна цена се уште немаЖетвата на јачменот во Неготино и Градско започна а за десетина дена ќе почне да се жнее и во штипско карбинскиот регион. Производителите предупредуваат дека неизвесноста околу тоа колкави ќе бидат откупните цени е голема и бараат итно да се свика Потсекторската група за жито за да се дефинираат откупните цени. Според нив, поскапувањето на репроматеријалите, горивата и механизацијата значително ги зголемиле трошоците за производство, а дополнителен проблем е и доцнењето на субвенциите. И останатите земјоделски здруженија се со сличен став дека под 16 денари не треба годинава да се откупува пченицата како стратешка кулутра ако сакаме да ги зголемуваме површините и да ја намалуваме увозната зависност од лебно жито. Став побаравме и од министерството за земјдоелство во кој се вели.. Во текот на наредната недела ќе се одржи состанок на потсекторската група за жито на која една од точките на дневен ред ќе биде претстојната жетва на пченицата и јачменот. Дополнителен проблем за земјоделците е условот кој го постави државата 30% од родот да е предаден кај регистриран откупувач кој сега може да го злоупотребат откупувачите заради што и бараат државата да ги заштити со брзо носење на реална пресметката за производната цена која треба да биде заштита за земјоделците од манипулации со цената. Велат дека во периодот на жетва за одржување на реалната откупна цена многу би помогнало и ако навреме се вклучат и стоковите резерви со откуп. Барањата на земјоделците се совпаѓаат и со актуелните движења на светските пазари. Анализите на меѓународните берзи покажуваат дека годинава се очекува намалено производство кај дел од најголемите производители на пченица, додека климатските ризици и намалените залихи ги одржуваат цените на релативно високо ниво. Покрај неизвесноста околу откупната цена, земјоделците реагираат и поради доцнењето на исплатата на субвенциите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20