Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МакедонијаСредба Мицкоски-Кошта: Потврдени заложбите за евроинтергативниот пат на МакедонијаМакедонија останува посветена на европскиот пат, но очекува процесот на интеграција да биде заснован на принципи, заслуги и предвидливост. – Порача премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта. Мицкоски истакна дека позицијата на Македонија е јасна и дека македонските граѓани по години на чекање и компромиси оправдано чувствуваат неизвесност на евроинтегративниот пат.. Земјава како што кажа тој, очекува и бара кредибилен и предвидлив процес во кој исполнетите обврски ќе бидат вреднувани.. Првиот човек на европскиот совет пак, ги пофали напорите на македонската влада, но истовремено јасно ги прецизираше и условите што земјата мора да ги исполни за да го продолжи евроинтегративниот пат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОсуден поранешен претседател на Јужна КорејаОкружниот суд во Сеул денес го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јол на две години затвор откако го прогласи делумно за виновен за нелегално примање политички средства во форма на бесплатни анкети на јавното мислење.Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун го прекршил Законот за политички фондови, што е различна пресуда од посебен судски случај во кој неговата сопруга, поранешната прва дама Ким Кион-хи, беше ослободена од обвинението врз истата основа, објави Јонхап. Специјалниот обвинител претходно поднесе обвинение против Јун, обвинувајќи го него и неговата сопруга дека од април 2021 до март 2022 година добиле вкупно 58 анкети на јавното мислење бесплатно од Мјунг Тае Кјун, кој се претставувал како политички посредник, со проценета вредност од околу 270 милиони вони, што одговара на околу 158.000 евра. Судот утврди дека во тој период Јун бесплатно добил 14 анкети за јавното мислење и, покрај затворската казна, нареди конфискација на имотна корист во износ од 13,9 милиони вони, односно околу осум илјади евра. Според пресудата, прифатено е тврдењето на специјалното обвинителство дека Џун ветил дека ќе ја поддржи кандидатурата на поранешниот пратеник Ким Џонг Сун како кандидат на конзервативната Партија на народната моќ на дополнителните избори во јуни 2022 година во замена за анкети на јавното мислење. Со истата пресуда, Мјунг Тае Кјун е осуден на 18 месеци затвор. Специјалното обвинителство побара казна од четири години затвор за Јун и три години затвор за Мјунг. Бранителите на поранешниот претседател најавија жалба против денешната пресуда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 27 загинати во пожар во бар во Бангкок, властите велат дека излезите биле блокираниСамо неколку секунди биле доволни пламенот целосно да го проголта ноќниот бар „Ронг Бир На Ладпрао“ во Банкок..Пожарот во кој животот го загубија најмалку 27 лица, 60тина се повредени, од кој над 20 се во критична состојба, се случил непосредно пред полноќ, додека во преполниот локал се одржувал концерт. Сведоците раскажуваат дека по силна експлозија, снемало струја низ целиот објект, а густ чад кој излегувал од електрична табла за миг ја исполнил внатрешноста. Во целосен мрак, стотици посетители се обидувале да најдат излез, додека огнот со неверојатна брзина се ширел низ објектот. Според првичните наоди на противпожарната служба, евакуацијата дополнително била отежната поради заклучен излез за итни случаи.. -Очевидците ни кажа дека имало излез на задниот дел од објектот, но бил заклучен. Тој излез води кон голем отворен простор овде, но на вратата која била заклучена имало ознака „само за вработени“ -Кога почна да гори, најпрво се слушна експлозија и снема струја во цел бар. Луѓето не можеа да гледаат каде одат.. -Пожарот беше многу силен. Кога дојдов овде луѓето буквално се бореа да излезат надвор, но многу од нив не успеаа. Многу луѓе останаа заглавени внатре. Дека најголем дел од телата биле пронајдени во задниот дел од објектот, потврди и Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, кој утрово го посети местото на трагедијата и најави темелна истрага. Според Гувернерот на Банкок Чадчарт Ситипунт пак, огнот брзо се проширил и поради лесно запаливите материјали во локалот кој се наоѓале на таванот, но биле дел и од сценската декорација. -Многу од луѓето не можеа да излезат надвор, бидејки тие отишле кон задниот дел на објектот. Се обиделе да се засолнат од чадот и огнот во тоалетите..Таму всушност ги најдовме најголемиот дел од телата,- изјави Анутин Чарнвиракул – премиер на Тајланд. -Пожарот започнал некаде околу полноќ , брзо се раширил низ просториите и имало многу чад. Мислам дека можеби имало и нешто што го блокирало излезот за итни случаи, па многу луѓе не можеле да се спасат брзо. Многу од нив се загушиле и останале без свест,- Чадчарт Ситипунт - гувернер на Банкок. Слична трагедија на 1 јануари годинава се случи и во швајцарскиот ски центар Кранс-Монтана, каде при пожар за време на дочек на новата година во ноќен бар загинаа 41 лице, а над 100 беа повредени. Пожарот избувнал по употреба на пиротехнички средства, а пламенот брзо зе проширил поради лесно запалив материјал на таванот. Истрагата за трагедијата се уште трае, а покрај сопствениците на барот, се проверува и евентуалната одговорност и кај дел од локалните фукционери и надлежните служби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски најави дека ќе се реконструира Домот на АРМ, ќе се вложат околу 10 милиони евраЦелосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајлов.Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловки, кој денеска беше на увид во градежните работи во касарната „Ќојлија“. Мисајловски најави дека реконструкцијата во „Ќојлија“ во кој се вложуваат над 10 милиони денари ќе биде завршена во септември, а паралелно се работи и во Велес, Прилеп и Штип. Вкупно се работи на околу 20 проекти, со вредност од над 3 милиони евра. Тој информираше дека е подготвена техничка документација за повеќе капацитети, меѓу кои домот на армијата, за кој е подготвена проектна документација со проценета вредност од околу десет милиони евра, како и за хотелот „Шар“, а следната година ќе започне нивната целосна реконструкција. Тој посочи дека капиталните проекти ќе продолжат со реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55