Средба Коѕијас - Мас: Историски договор за стабилност во регионот

- Се надевам дека овој историски договор ќе се имплементира, бидејќи придонесува за пријателството на двата народа и уште поважно е дека придонесува за стабилност во поширокиот регион, порача шефот на германската дипломатија.

Мнозинство за ратификација на договорот од Преспа постои во грчкиот парламент и јавно е изразен од партијата СИРИЗА, партијата Река и одредени пратеници, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по средбата со неговиот германски колега Хајко Мас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, со оглед на тоа што Мас веќе беше во Скопје и разговараше со македонскиот државен врв, договорот од Преспа беше една од темите на денешната средба на министрите за надворешни работи на Грција и Германија, во грчкото МНР. И Мас и Коѕијас говореа за историски договор и историска шанса што ќе придонесе за стабилност во регионот.

- Се надевам дека овој историски договор ќе се имплементира, бидејќи придонесува за пријателството на двата народа и уште поважно е дека придонесува за стабилност во поширокиот регион, порача шефот на германската дипломатија.

Министерот за надворешни работи на Грција го повтори неговиот став дека „историјата треба да биде училиште”, а не затвор и додаде дека „договорот не извади од затворот”. Шефот на грчката дипломатија изрази надеж дека референдунот кај нас ќе биде успешен, ќе ја има потребната излезност и ги објасни следните чекори предвидени во договорот.

- Се надевам и врувам дека референдумот ќе помине и ќе ја има неопходната излезност, а потоа од страна на идната Северна Македонија ќе треба да се направат низа уставни промени, рече Коѕијас.

Поосчи дека дека овие измени се главно поврзани со иредентизмот и додаде дека „еден голем проблем е и името на црквата, но тоа сега не е тема”.

- Кога ќе заврши сето ова, што требаше да заврши во декември, но како што гледам ќе заврши кон средината или крајот на јануари, тогаш ќе дојде ратификацијата на договорот во грчкиот парламент. Исто така, во грчкиот парламент ќе дојде за ратификација одлуката на НАТО за интеграција на оваа земја во НАТО. Што значи дека ќе имаме две гласања во грчкиот парламент, а по кој ред ќе дојдат ќе одлучи претседателот на парламентот. Мнозинство за ратификација на овој договор постои и е јавно изразена од партијата СИРИЗА, од партијата Река и од многу одредени пратеници, објасни шефот на грчката дипломатија, уште еднаш повторувајќи го ставот дека во грчкиот парламент не е потребно мнозинство партии, туку мнозинство пратеници.

Коѕијас, на прес-конференцијата во грчкото МНР, по средбата со Мас рече дека договорот гледа кон иднината и на Балканот му дава стабилност и безбедност, додавајќи дека по 10-20 години никој нема да ги памти денешните кавги, а „сите ќе сметаат дека се подразбира дека постои земја под името Северна Македонија, во која живеат луѓе кои се самоопределуваат, според нивните демократски права и говорат македонски јазик”.

На новинарско прашање упатено до шефот на германската дипломатија, дали можеби посетите на Скопје на голем број странски лидери можа да имаат спротивен ефект, Мас рече дека и тој се прашувал дали поетата на Македонија би била од корист, со оглед на тоа дека земјата ја посетија и други претставници на германскиот државен врв меѓу кои и канцеларката Меркел, но сепак рече дека смета дека ќе има позитивно влијание на референдеумот.

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека договорот од Преспа е предавнички, поништите го

Во Грција и понатаму една од главните политичките теми во пресрет на евроизборите е Преспанскиот договор, што се отвори по неупотребата на „Северна“ од страна на Сиљановска за време на заклетвата.

По многу жестоки реакции од Мицотакис, лидерот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис му фрли ракавица од синоќешниот митинг во Солун. Ако навистина договорот од Преспа го смета за предавнички, да го раскине. Во спротивно да се извини на грчкиот народ, како и на Ципрас и Коѕијас.

-Испраќам јасна и едноставна порака до премиерот. Договорот од Преспа е билатерален. Ако продолжувате да сметате дека е предавнички, постои само еден начин. Да го сторите она што го кажуваа вашите претставници, а многумина од нив сè уште го кажуваат: „Ако ВМРО ни даде шанса, ќе го поништиме договорот“. Ова го кажуваа. Истото го посакуваат и т.н. „борци за Македонија“ што ги вадевте на улица и се ваши гласачи: Да го поништите. Па, еве го Скопје, отидете. Да видиме. Но, нема да го сторите тоа. И знаете зошто нема да го сторите тоа? Бидејќи Договорот од Преспа е тоа што го сакавте како партија, но тогаш Груевски во никој случај не прифаќаше да направи толку отстапки, како што направија пред Владата на СИРИЗА, пред Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, рече Каселакис.

Вучиќ утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на резолуцијата за Сребреница

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“.

„Утре одиме во Њујорк, четири до пет дена ќе поминеме во Њујорк, ќе имам голем број средби, а во четврток сите заедно ќе се бориме“, истакна денеска Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој рече дека со него во делегацијата треба да одат само оние кои се „подготвени за борба на секој можен начин“.

Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој ќе расправа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 мај, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора.

Осврнувајќи се на амандманите што Црна Гора ги достави на резолуцијата за Сребреница, а кои главно беа прифатени, Вучиќ тоа го нарече „валкана игра“.

„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, рече Вучиќ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого за тоа преговарата Црна Гора. /МИА

притисни ентер