ЖивотНа денешен ден19 мај1536.- Отсечена и била главата на Ана Болен, втората жена на англискиот крал Хенри Осми, четири дена откако судот „востановил“ дека е виновна за прељуба и инцест. 1649.- За првпат бил употребен називот „Комонвелт“, со кој Оливер Кромвел ја означил англиската република. На империјалната конференција во 1926 година бил усвоен називот „Комонвелт нација“, кој од 1931 година се користел наместо називот Британска империја. 1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од најистакнатите претставници на германската класична филозофија. Тој извршил големо влијание врз германскиот романтизам. Умрел во Берлин, на 27 јануари 1914 година. 1802.- Наполеон Бонапарта во Франција го востановил Орденот на легија на честа за цивилни и воени заслуги. 1825.- Умрел францускиот социјалист Клод Анри Сен Симон. Тој сметал дека традиционалната држава треба да биде заменета со индустриското општество, а аристократите, војниците и бирократите треба да им го отстапат местото на индустријалците, работниците и селаните. Дела: „Индустриски систем“, „Индустријата и политичките, моралните и филозофски разговори во интерес на сите луѓе оддани на корисната работа и независност“, „Ново христијанство“, „Стар и нов политички систем“. 1861.- Родена е австралиската пејачка Хелен Потер Мишел, позната како Нели Мелба, една од најголемите оперски сопрани на крајот од 19. и почетокот на 20 век. Со голем успех со децении настапувала скоро во сите најголеми оперски куќи во светот, вклучувајќи ги и лондонскиот Ковент Гарден и њујоршката Метрополитен опера. 1906.- Официјално бил отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри. 1912.- Умрел полскиот писател Болеслав Прус, најзначаен полски реалист. Во делата пишувал за борбата на Полјаците против германизацијата. Дела: „Кукла“, „Вал се враќа“, „Мртва стража“, „Еманципирана жена“, „Фараон“, „Станар во поткровјето“, „Јакубовиот сон“, „Балски фустан“, „Проклета среќа“, „Ситници“, „Вечерни приказни“. 1925.- Роден е американскиот борец за граѓанските права на црнците со африканско потекло, Малколм Литл, познат како Малколм Екс. Беил убиен во Њујорк во февруари 1965 година додека држел говор пред насобраните приврзаници. 1930.- Белите жени во Јужна Африка се здобиле со право на глас. 1935.- Во сообраќајна несреќа загинал британскиот полковник Томас Едвард Лоренс, познат како Лоренс од Арабија, археолог, истражувач, писател и борец. Се истакнал во борбите на Блискиот Исток во текот на Првата светска војна, кога ги собрал Арапите кои биле непријателски расположени спрема Турција. Напишал сеќавања - „Востание во пустина“. 1910.- Во Штип бил роден Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија. Бил член на Второто заседание на АВНОЈ, на Првото, на Второто и на Третото заседание на АСНОМ, потпретседател на првата Влада на ДФ Македонија. Умрел во Скопје, на 8 ноември 1986 година. 1965.- Умрела Марија Домбровска, полска писателка. Продолжувајќи ги најубавите традиции на полскиот класичен реализам пишувала романи, приказни, есеи и друго. Родена била во 1889 година. 1989.- Во време на крвавите студентски демонстрации во Пекинг бил сменет генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина Џао Цијанг, бидејќи се спротивставил на вонредните мерки и примената на сила против демонстрантите. 1990.- Во Велес било формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година било примено во најпознатите европски и светски асоцијации. 1994.- Умрела поранешната американска „прва дама“ Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, кој бил убиен во 1963 година. Пет години подоцна Жаклина се омажила за грчкиот бизнисмен Аристотел Оназис. 2000.- Маскирани луѓе упаѓајќи во зградата на собранието на Фиџи ги заробија пратениците и членовите на владата, вклучувајќи го и претседателот на владата на таа островска пацифичка земја. Водачот на ударот објавил дека владејачката коалиција го дискриминирала автохтоното домородно население фарозиризирајќи ги етничките Индуси. 2002.- Во Скопје, во салата на СРК „Кале“, во финалниот реванш натпревар на Лигата на европските шампионки во ракомет, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го победиле првакот на Унгарија ХЕРЗ Ференцварош со 26:22 и станале европски клупски шампионки. 2011.- Починал д-р Лазар Китаноски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поранешен пратеник и министер за одбрана. Китаноски бил роден на 25.04.1948 година во Охрид. Основно, средно образование и Правен факултет завршил во Скопје. Ги извршувал следните државни функции: министер за одбрана во Владата на Република Македонија (1997-1998), пратеник во Собранието на Република Македонија (1998-2002), советник за национална безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија (2002-2004), советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија (во 2004), директор на Агенцијата за разузнавање (2004-2006) и пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2008). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook