2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село
3Приштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и Украина
МакедонијаСредба Андоновски – Грикшас: Дигитализацијата како двигател на економски раст и модернизација на јавниот секторВо рамки на работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со министерот за економија и иновации на Република Литванија, Едвинас Грикшас.На средбата беше истакнато дека дигитализацијата претставува еден од клучните двигатели на економскиот раст, зголемувањето на конкурентноста и модернизацијата на јавниот сектор. Во тој контекст, двајцата министри разговараа за литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартап-екосистемот, GovTech-решенијата и јавните политики, како важен модел за забрзување на дигиталната трансформација. „Дигиталната трансформација ја гледаме како основа за економски раст, поконкурентни компании и поефикасни институции. Литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартапите, GovTech-решенијата и јавните политики е особено значајно за Македонија, бидејќи ни отвора простор за конкретна соработка, размена на знаење и пилот-проекти што можат да дадат директни резултати за граѓаните и економијата“, истакна министерот Андоновски. Посебен акцент беше ставен на улогата на Министерството за економија и иновации на Република Литванија во поддршката на дигиталната економија, иновациската политика и развојот на технолошките компании. Министерот Андоновски истакна дека Македонија ја гледа дигиталната трансформација како стратешки процес кој треба да донесе поефикасни јавни услуги, подобро управување со податоци, поголема интероперабилност меѓу институциите и посилна поддршка за иновации и нови технологии. На средбата беа разгледани и можностите за конкретна билатерална соработка во областа на GovTech, развој на AI sandbox-модели, како и подготовка на пилот-проекти што би можеле да бидат применливи во Македонија. Беше предложена и техничка размена меѓу двете министерства, со фокус на иновациска политика, дигитална економија и практични решенија за дигитализација на јавниот сектор. Двете држави веќе соработуваат во пилотирање на решенија за граѓаните преку проектот GovTech4All и програмата на Дигитална Европа. Средбата претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во областите на дигиталната трансформација, иновациите и економскиот развој, како и во идентификувањето конкретни можности за техничка помош, размена на експертиза и заеднички иницијативи. Во рамки на посетата, министерот Андоновски оствари средба и со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кештутис Будрис. На средбата министерот Андоновски ја истакна важноста реформските чекори што ги презема Македонија во дигиталната агенда, јавната администрација и развојот на дигиталните услуги да бидат видливи и препознаени во регионалните и европските процеси, вклучително и во контекст на Планот за раст, Реформската агенда и евроинтегарциите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Неготино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново СелоФилипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село, нервозен е затоа што е разобличен.Кога станува збор за СДС и актуелното раководство нема ништо ново освен лаги и манипулации во јавноста. А кога ќе бидат фатени е тогаш стануваат нервозни, зборуваат нелогични работи. Венко Филипче во Ново Село кога ВМРО-ДПМНЕ имаше настан одлучи да прати насилници, трговци на дрога да прават инцидент. Дополнително едниот од нив излезе и самиот ја потврди тезата, односно нашите кажувања. Е сега Филипче е нервозен. Нормално ќе е нервозен кога ова е една од ситуациите во која талогот исплива на површина. Лицата пратени во Ново Село од Филипче не можат да бидат иднина на Македонија. Тие се олицетворение на лицата Зоран Заев, Венко Филипче и слично. За Заев на цела јавност и е јасно дека е аболициран криминалец. За Филипче од каде да се почне му изгореа живи 14 лица во модуларната болница во Тетово, загинаа 16 лица во несреќата кај Ласкарци поради неорганизираниот здравствен систем, за време на корона починаа околу 10 илјади граѓани. Освен овие деца во Ново Село, кои така ги нарекува Филипче, талог во општеството се и лицата кои ја водеа седум години државата. Одговорност нема поради фактот што Заев заедно со другарот Филипче имаат се уште влијание во правосудниот систем. И наместо да се засрамат и да прекинат со срамните и опасни дејствија во општеството, тие продолжуваат по лошиот пат не само што продолжуваат, туку тонат одејќи по истиот пат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Технологија„OpenAI“ го запира новиот модел на вештачка интелигенција: Дали е премногу моќен и опасен?„OpenAI“ вели дека неговиот нов модел „Astra“, кој е во развој, би можел да има „критични“ способности за сајбер безбедност.„OpenAI“ соопшти дека привремено ги суспендира „внатрешните активности“ поврзани со моделот „Astra“, кој моментално е во развој, бидејќи сè уште не ги исполнува новите безбедносни стандарди што ги воведува компанијата. Соопштението доаѓа по неодамнешното откритие дека моделите на „OpenAI“ случајно ја хакирале платформата „Hugging Face“. Во меѓувреме, „Anthropic“ и „Meta“ исто така признаа дека имаат модели на вештачка интелигенција кои излегле од контрола и провалиле во системите на други организации. Неодамнешните внатрешни проценки на моделот „Astra“ покажуваат дека тој носи „значаен напредок во кодирањето на агенти и сајбер безбедноста“, соопшти компанијата. „Овие резултати, заедно со експертските проценки, нè доведоа до заклучок дека не можеме да го исклучиме постоењето на критични способности за сајбер безбедност во рамките на нашата Рамка за подготвеност“. Еве како „OpenAI“ го дефинира „критичниот“ праг на сајбер безбедност: „Според нашата рамка за подготвеност, моделот го достигнува критичниот праг на сајбер безбедност ако може да идентификува и распореди функционални ранливости од нулти ден (непознати безбедносни недостатоци) од сите нивоа на сериозност низ повеќе заштитени, критични системи во реалниот свет без човечка интервенција или ако може да дизајнира и изврши комплетни (од крај до крај) нови стратегии за сајбер напад против заштитени цели, врз основа на една единствена, општа цел.“ „Astra“ „не беше вклучена“ во нападот „Hugging Face“, тврди „OpenAI“. „OpenAI“ ќе имплементира построги безбедносни контроли за модели со повисоки капацитети и поврзани активности, се вели во соопштението. На „Astra“, исто така, ѝ е даден „универзален надзор“ за ризични дејства и отстапувања од предвиденото однесување низ сите распоредувања на агенти. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: OpenAI Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05