Сребрена паричка вредна милион долари, му е вратена на Израел - Канал 5

Сребрена паричка вредна милион долари, му е вратена на Израел

По речиси 20 години пребарување на различни континенти и вмешаност на бројни детективи, пронајдена е ретка монета од 69 година од нашата ера вредна милион долари и конечно е вратена во Израел.

Сребрена паричка вредна милион долари, му е вратена на Израел

Станува збор за сребрена монета богата со симболика, која е дел од историјата бидејќи била кована за време на еврејското востание пред речиси 2000 години. Во 2002 година била украден во Израел, но на крајот е пронајдена и вратена во земјата на потеклото.

Сагата започнала кога Израелската управа за антиквитети (ИАА) од информирани извори дознала дека монета ископана во долината Ела, јужно од Ерусалим, ја украле Палестинците.

ИАА потоа поминала 15 години обидувајќи се да ја лоцира и пронајде монетата која поминала низ бројните нелегални пазари за антиквитети во Израел, Јордан и Велика Британија. На крајот била извезена во Соединетите Држави каде што била понудена на аукција одржана во Денвер, Колорадо во 2017 година.

ИАА ги предупредила американските власти за пронајдената монета, по што е покрената истрага. Во неа учествувале и Одделот за антиквитети на окружниот обвинител на Менхетен (АТУ), кој издал судски налог за враќање на монетата во Израел.

Вредниот дел од историјата во понеделникот бил предаден на канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, на кој присуствувале американски и израелски претставници, вклучително и амбасадорот на Израел во ОН Гилад Ердан.

„Денес им се придружуваме на нашите партнери за да вратиме неверојатно ретко парче од израелската историја, монета од четвртина шекел, симбол на независноста од времето на римското присуство во сегашниот модерен Израел“, изјавил агентот кој водел дел од американската истрага, Рики Џеј Пател.

Сребрената монета со врежани еврејски мотиви е една од само четирите од ваков вид за кои се знае дека постојат.

ИАА го датира во 69 година од нашата ера - четвртата година од Големото еврејско востание. Ковањето таква монета всушност значело „прогласување еврејска независност во земјата на Израел“, рече Илан Хадад од ИАА.

Големото востание било бунт на Евреите од Јудеја против угнетувачкото владеење на Римјаните, кои ставиле крај на еврејската независност во областа еден век порано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел гориво

ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар на горива, воведувајќи привремен попуст од два денари по литар дизел..

ОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел гориво

Попустот стапува во сила денеска и ќе важи до 2 ноември 2026 година.. намалувањето ќе се однесува на дизел-горивото што ОКТА АД – Скопје им го испорачува на трговците на големо и на мало. крајните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат самите трговци, согласно со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови..

Со попусот на ОКТА, цената на дизелот ќе изнесува 97 денари.. цената што вчера ја испорача регулаторна изнесуваше 99 денари за литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица

Во Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.

Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица

Вежбата се реализираше по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, со акцент на превенцијата и заштитата на граѓаните на кои им е потребна дополнителна поддршка.

Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Пожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја истакна важноста на практичната подготовка и заедничкото дејствување на институциите.

-Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет, а повозрасните лица заслужуваат особено внимание и грижа. Во итни ситуации секоја секунда е важна. Со ваквите вежби ја проверуваме подготвеноста, ги унапредуваме процедурите и ја зајакнуваме координацијата меѓу службите. Благодарност до сите учесници и до УНДП за партнерството и поддршката во градењето побезбедна и поотпорна општина - порача Стојкоски.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, нагласи дека отпорноста започнува дома, но се гради заеднички.

-Затоа е важно редовно да ги проверуваме процедурите, да ја подобруваме координацијата меѓу институциите и да бидеме сигурни дека секој може навремено и безбедно да биде евакуиран - изјави Григорјан.

Повозрасните лица се меѓу најранливите категории при катастрофи. Ограничената подвижност, здравствените состојби и потребата од помош при евакуација ја нагласуваат важноста на јасните процедури, обучениот персонал и навремената интервенција.

Целта е ваквите практични вежби да станат редовна практика и да придонесат за постојано унапредување на локалниот систем за заштита и спасување, затоа што навремената подготовка и добрата координација можат да спасат животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Пристигнаа сто нови возила за итната помош

Пристигнаа сто нови возила за итната помош – заедно со Владата ги унапредуваме условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

МЗ: Пристигнаа сто нови возила за итната помош

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска присуствуваа на настан по повод набавените сто нови, комплетно опремени амбулантни возила за Итната медицинска помош, за потребите на јавните здравствени установи низ државата.

– Зајакнувањето на службата за итна медицинска помош е еден од приоритетите на Владата и Министерството за здравство. Обезбедувањето сто нови возила за итната помош, со кои се дополнува возниот парк и се заменуваат амортизираните возила, е значајна инвестиција во вредност од 460 милиони денари. Секое возило располага со комплетна современа медицинска опрема за интервенција, стабилизација и транспорт на пациенти. Со оваа инвестиција ги унапредуваме условите за мониторирање, стабилизација и иницијален третман на пациентот уште за време на транспортот, истакна министерот Клековски на настанот.

– Обновата на возниот парк продолжува. Планот е возниот парк на итната помош од сегашните 140 да се зголеми на 200 возила. Веќе почнуваме разговори за набавка на уште 50 нови возила во 2027 година. Паралелно, континуирано ги следиме кадровските потреби и критичните точки во мрежата на итната помош, за ресурсите да бидат насочени таму каде што се најпотребни, изјави Клековски.

Министерот најави и пакет реформи со кои Итната медицинска помош ќе се постави на нови основи:

ИМП како посебна установа – во тек е процесот на трансформација на итната помош во посебна служба, одделена од Здравствен дом-Скопје.

воведување парамедици во тимовите на итна медицинска помош;

национален систем за тријажа, со кој ќе се изедначи постапувањето при повиците и интервенциите низ целата држава;

национален диспечерски центар со утврдени клучни показатели за успешност (KPI), кои ќе овозможат мерливо и транспарентно следење на работата на службата.

Клековски го поздрави основањето на Македонската асоцијација за ургентна медицина минатата година и ја истакна поддршката од Европското здружение за ургентна медицина за реформите.

– Новите возила се важен чекор, но не се доволни сами по себе. Целта на реформите е секој граѓанин, без разлика каде живее, да добие навремена и еднаква итна медицинска грижа, порача Клековски.

Возилата се опремени со напреден дефибрилатор/монитор со можност за пејсинг и мониторинг, кислородна и респираторна опрема за возрасни, деца и новороденчиња, автоматска носилка, хидрауличен систем за намалување на вибрациите при транспорт, интегриран систем за озонска дезинфекција, како и современи системи за активна безбедност на возилото.

Медицинскиот простор е целосно адаптиран за работа на екипите на ИМП и за транспорт и третман на пациентите, со независно греење и климатизација, вентилација, LED осветлување насочено кон пациентот, посебни места за медицинската опрема и три седишта за медицински персонал/придружба. Возилата овозможуваат ЕКГ и ST/QT мониторинг, како и следење пулс и неинвазивен крвен притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер