Србите во еуфорија по објавениот промотивен спот за СП во Катар (ВИДЕО)

Србија во вторникот ја победи Норвешка со 2:0 во Осло и влезе во елитната група на Лигата на нации.

Србите победија на гостински терен, а со головите на Душан Влаховиќ и Александар Митровиќ успеаја да дојдат до три бода и прво место во групата. По успехот во Лигата на нации следуваше пласманот на Србија на Светското првенство во Катар, па пред почетокот на турнирот владее еуфорија во Србија. Многумина веруваат дека Србија може да ја помине групата во која се и Бразил, Швајцарија и Камерун, а потоа да отиде подалеку.

Србите во пресрет на Мундијалот објавија промотивно видео „Мајко, Србија вика! Орлите се спремни за Катар“. Фановите беа воодушевени од видеото, што може да се прочита од коментарите. "Брутален спот, секоја чест. Оди Србија, да ги газиме Бразилците со сите сили", "Местото е врвно. Ме трогна, ми навреа солзи. Само нашите фудбалери да го остават срцето на терен...", "Митар изгледа како да оди во војна, одлична реклама“, „Ауу, дали сте нормални? Колку моќно“, се дел од коментарите на корисниците.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер