Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
БалканСрбите од денеска може да добијат ковид-пасошОд денеска, граѓаните на Србија имаат пристап до т.н. ковид-пасош, односно дигитален зелен сертификат - потврда за вакцинација против коронавирус и резултати од различни тестови за covid-19.Ова го објави денеска директорот на Српската национална канцеларија за ИТ администрација, Михајло Јовановиќ. Дигиталниот зелен сертификат е консолидиран сертификат кој докажува дека граѓаните биле вакцинирани против коронавирус или имаат резултати од тестови против ковид-19. „Сертификатот е квалификуван сертификат со електронски печат и не може да биде фалсификуван или злоупотребен“, рече Јанковиќ. Покрај личните податоци (име, презиме, единствен матичен број, пол и број на пасош), дигиталниот зелен сертификат содржи и податоци за вакцинацијата, бројот на примени дози и датумите на вакцинација, како и PCR, антиген и резултати од серолошки тестови. Постапката за преземање на овој електронски документ подразбира дека граѓаните се претходно регистрирани на порталот е-Влада, каде што, по проверка на личните податоци, ја оставаат својата е-адреса, на која системот по неколку минути им испраќа сертификат. Со читање на QR-кодот на дигиталниот зелен сертификат, достапни се статусите на вакцинација во две дози. Другите два статуса се поврзани со резултатите од ПЦР и антиген тест, доколку се направени во последните 72 часа и се негативни. Резултатот за серолошкиот тест значи дека тоа е направено во последните шест месеци за луѓето кои не примиле вакцина или два месеци за вакцинираните, доколку нивниот т.н. параметар IgG е позитивен, објасни српската е-влада. До вторник, 11 мај, во Србија биле дадени 3.850.413 дози на една од четирите достапни вакцини (Фајзер / БиоНТех, Спутник V, АстраЗенека и Синофарм), а најмалку 1,67 милиони граѓани ги примиле двете дози на вакцината. Уште 120.000 дози на АстраЗенека се доставени до српскиот здравствен систем денеска наутро, како дел од механизмот Ковакс, а во понеделникот пристигнаа два контингенти вакцини, Фајзер / БиоНтех и Спутник В, односнио вкупно 124 000 дози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаАларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 годиниСпоред најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години. Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон. Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување. Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата. Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката. Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град КраматорскНајмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина. Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ФудбалЧетири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!Бурата околу скандалот поврзан со финансиското работење на Манчестер Сити не стивнува.Имено, четири клуба од Премиер лигата, пред сите останати, добија две важни известувања во врска со случајот што Премиер лигата го води против Манчестер Сити. Од сите претседатели на клубови било побарано да потпишат договори за доверливост пред да ги добијат документите поврзани со случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити и одлуката на Независната комисија, која го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки за прекршување на правилата. Сепак, четири клуба ја добиле информацијата пред сите други. Оваа вест сега би можела да шредизвика земјотрес во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем биле информирани за одлуката на Независната комисија пред сите останати клубови. Исто така, истите четири клуба добиле известувања пред останатите, уште во 2024 година, за тоа како можат да поведат постапка за отштета против Манчестер Сити доколку Сити биде прогласен за виновен – што сега и се случи. Овие четири клуба се разликуваат и по тоа што претседателите на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем не морале да потпишуваат договор за доверливост. Всушност, овие четири клуба биле информирани за одлуката порано од останатите токму затоа што пред две години им беше дадена можност да поведат правна постапка против клубот од „Етихад“. Се разбира, фактот што останатите клубови не добиле известувања за можното покренување на постапката во 2024 година, не значи дека не можат да го сторат тоа сега или откако ќе заврши жалбената постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter