Србите ги бојкотираа изборите на северот на Косово - Канал 5

Србите ги бојкотираа изборите на северот на Косово

Белград го слави епилогот од српскиот бојкот на локалните избори, Приштина им честита на новоизбраните градоначалници Албанци.

Србите ги бојкотираа изборите на северот на Косово

Очекуваната нормализација на односите меѓу Србија и Косово не го мина последниот тест. Српскиот претседател Вучиќ оцени дека вчера се случило српско политичко востание од тектонски размери, сосема нова политичка реалност што во иднина ќе бара целосно поинаков пристап на меѓународната заедница.

-Под еден, Ова е изборен дебакл на Курти и квинатата. Под два, ова е историски резултат, затоа што никогаш ништо слично не се случило на европска почва од Втората Светска војна. Под три, ова покажа огромно единство на српскиот народ, дисциплина и одговорност на Србите каква што не е видена. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

На вчерашните вонредн избори во четирите општини Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан излегоа едвај 3,5 проценти. Гласале само 1.567 граѓани, од кои само 13 Срби. Оттука, исходот беше очекуван, а победија двајца претставници на партијата на Курти, Самоопределување и двајца од Демократската партија на Косово.

-Јас сум идниот градоначалник на Општина Северна Митровица. Ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Општината Северна Митровица, изјави Ерден Атиќ, победник на локалните избори во Северна Митровица.

Косовскиот премиер Курти им ја честиташе победата и вети дека како влада ќе им помогне и ќе ги поддржи.

-Имаше атмосфера на заплашување и уцени, па излезноста на граѓаните на изборите беше слаба. Бојкотот беше наметнат со кампања на закани од официјален Белград и неговите криминални алатки на теренот , напиша Курти на Фејсбук.

Eвропската унија денеска оцени дека изборите се согласно законот, но поради ниската излезност не нудат трајно политичко решение во овие општини. За американската амбасада во Приштина изборите биле согласно уставните и законските одредби. Дел од српските аналитичари сметаат дека ваквата состојба е неодржлива и дека оди единствено во прилог на руските интереси.

-Многу сме блиску до обновување на барикадите. Ако се случи да бидат поставени градоначалници согласно одржаните избори, а со полициски сили во канцелариите кои се под контрола на српската заедница, односно на Српската листа, можеме само да замислиме што ќе му се случи на тој „несреќник“ во Љубин Поток или во Звечан. , изјави Душан Јањиќ, претседател на Форум за етнички односи.

Приштина ги организираше изборите, откако српските градоначалници во овие четири општини поднесоа оставки, а Белград најави бојкот барајќи формирање на Заедница на српски општини и повлекување на косовските специјалци од северот. Нов тест Вучиќ и Курти ќе имаат на 2 мај, кога на маса ќе се најде токму формирањето на Заедницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција

Околу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство Романови, проценети на повеќе од 15 милиони долари, ќе бидат понудени на аукција во „Сотбис“ на 16 декември во Њујорк.

Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција

Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“ ќе им биде понудена на колекционери и инвеститори, пренесува ТАСС.

Колекцијата вклучува предмети од широк спектар на периоди и категории, од ремек-дела на накит создадени од Карл Фаберже до слики, порцелан и сребрени предмети.

Многу од лотовите се изложени на големи изложби посветени на делото на Фаберже и руската уметност во водечките светски музеи и уметнички галерии.

Пред аукцијата, избрани ремек-дела ќе бидат прикажани на јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил.

Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата.

Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица.

Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија.

Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична.

Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба.

Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив.

Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации.

Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението:

„Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“.

Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција.

„Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој.

„Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме.

Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.

Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти.

„Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред.

Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер