Србин е прв во светот , вакциниран со Фајзер, а ревакциниран со кинеска вакцина - Канал 5

Србин е прв во светот , вакциниран со Фајзер, а ревакциниран со кинеска вакцина

Жител на Врање, стана досега единствениот познат случај восветот затоа што добил две дози вакцини од различни производители, објавија денеска локалните медиуми во Србија.

Србин е прв во светот , вакциниран со Фајзер, а ревакциниран со кинеска вакцина

Слаѓан Антиќ од Врање бил вакциниран со вакцината Фајзер-БиоНТех, а кога преку е-системот добил СМС-повик за ревакцинација во локалната спортска сала, ја примил кинеската вакцина Синофарм, објави порталот ИнфоВрањска.

Антиќ за порталот изјавил дека првата доза на вакцината против Фајзер ја примил на 28 јануари и дека по грешка бил вакциниран со втора доза од кинескиот производител.

Тој вели дека на лекарите им ја покажал картичката за вакцинација и разговарал со лекарот, по што медицинската сестра му ја дала вакцината.

Во еден момент, лекарот му рекол дека „кинеската вакцина добро штити“, поради што тој се побунил, објаснувајќи дека бил вакциниран со „Фајзер“, но му објасниле дека немаат од американско-германските вакцини.

Следеле низа консултации на локално ниво и со Националниот институт за јавно здравје ,,д-р Милан Јовановиќ Батут” во Белград и Антиќ добил терапија, но тврди дека „не се чувствува добро“.

Србија е меѓу водечките земји во светот според бројот на вакцинирани на милион жители и ја води кампањата за имунизација преку е-системот на државно ниво, а досега се искористени повеќе од 1,4 милиони дози, од кои 512 000 луѓето ја примиле втората доза.

Контингент со уште 100.000 дози вакцина Спутник V пристигна во Белград вчера вечер, а денеска се очекуваат уште 58.500 дози вакцини од Фајзер.

Со испорака на 100.000 дози на Спутник V, Србија надмина два милиони купени дози, потврди премиерката Ана Брнабиќ и најави дека уште 500.000 дози на Синофарм ќе пристигнат од Кина на 5 март.

„Немаме проблем со вакцините“, рече премиерката пред новинарите.

Заклучно со вчера попладне, во Србија се регистрирани 459.259 случаи на коронавирус, а официјално се регистрирани 4.443 смртни случаи, додека во последните денови се регистрираат над 3.000 нови инфекции на дневна основа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“

Најмалку четири лица загинаа во Флорида и Алабама како последица на ураганот „Исаја“, а повеќе од 868.000 корисници се без електрична енергија додека ураганот навлегува подлабоко во југоисточниот дел на САД, соопштија синоќа локалните власти.

Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“

Во округот Ескамбија, Флорида, едно лице загина откако остана заглавено под дрво што паднало врз куќа, изјави за CNN Мелони Питерсон, портпаролка на Канцеларијата на шерифот на округот Ескамбија.

Кога пристигнале на местото на настанот, противпожарната спасувачка екипа на округот ја пронашла жртвата во бессознание.

Питерсон соопшти дека претходно вчера, во истиот округ Ескамбија, уште едно лице било пронајдено мртво во својата гаража, која била затворена додека работел агрегат, а четворица членови на неговото семејство – на возраст од 72, 24, 5 и 4 години – биле пренесени во болница поради повреди што не претставуваат опасност по животот.

Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, соопшти дека двајца жители на државата загинале во ураганот, предупреди на можни торнада и ги повика жителите „да се подготват за најлошото“.

Заканата од поплави и торнада сè уште е на сила.

Иако денес ураганот ослабе во посттропски циклон, „Исајас“ сè уште претставува закана од поплави и торнада додека се движи кон внатрешноста на САД, предупредија метеоролозите и официјалните лица.

Според податоците на PowerOutage.us, рано утринава повеќе од 868.000 корисници во Флорида, Алабама и Џорџија останаа без електрична енергија.

Синоќа во Флорида 438.137 корисници останаа без струја, во Алабама 294.662, а во Џорџија 111.105 корисници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

11 Октомври е еден од најзначајните датуми во нашата историја, симбол на непокорот, храброста и решителноста на македонскиот народ во стремежот за слобода, достоинство и самостојна држава.

Министерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

Делото на учесниците во Народноослободителната борба е трајно врежано во темелите на нашата држава. Нивната жртва не обврзува да го чуваме историското наследство и да продолжиме да ја градиме Македонија како демократска и просперитетна држава, со силни институции и јавна администрација посветена на граѓаните.

Со почит кон минатото и со визија за иднината, да продолжиме да придонесуваме за држава во која слободата, достоинството и правдата се темелни вредности.

Нека е честит 11 Октомври!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар. 

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

– По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР.

Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.

Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер