Србија од денеска е во делумен карантин - Канал 5

Србија од денеска е во делумен карантин

Нов делумен карантин е воведен од денеска во Србија поради растот на бројот на новоинфицирани со ковид-19.

Србија од денеска е во делумен карантин

Епидемиологот и член на Кризниот штаб др. Предраг Кон вчера и се обрати на јавноста и ги презентираше новите правила и работното време на објектите за време на викендот.

„Долготрајното затворање не е опција за Србија, но невозможно е да не се реагира на ваквото зголемување на вирусот“, рече Кон.

Според одлуката на Кризниот штаб, од сабота во 12 часот до понеделник во 6 ќе бидат затворени сите кафулиња, спортски сали, цвеќарници, книжарници и трговски центри. Ќе работат само продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и доставата на храна.

Пазарите и театрите ќе бидат отворени до 21 часот. Сите закажани спортски настани, натпревари и настапи ќе продолжат да се одржуваат, но без присуство на публика.

Сите угостителски објекти ќе останат затворени во текот на целиот викенд, освен кафулињата и рестораните во хотелите, на кои ќе им биде дозволено да служат гости само со регистриран престој.

Во понеделник, сè се враќа во нормала, односно сè повторно се отвора, освен што тогаш средните училишта преминуваат на онлајн часови, пишува Блиц.

Д-р Кон рече дека е закажана нова седница на Кризниот штаб за вторник, кога ќе бидат разгледани ефектите од новите мерки.

"Немаме нови мерки во понеделник. Мислам дека овие два дена ќе имаат некаков ефект, но нема да биде доволно. Ова е некоја црвена линија што ја прифативме", рече тој.

Кон со денови се залага за воведување на нова блокада, велејќи дека дури седум дена нема да бидат доволни. Сличен став имаат и неговите колеги од Кризниот штаб.

„Мерките што ги донесовме беа принудени. Мислам дека не се доволни“, рече епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ.

Кон изјави дека средношколците се префрлаат на часови преку Интернет веќе некое време, бидејќи искуствата од другите земји покажале дека ковид-19 сега се пренесува и кај младите, особено во случај на новите соеви.

"Засега, веќе го имаме британскиот сој. Тој веројатно доминира во училиштата", рече Кон.

Говорејќи за вакцинацијата др. Кон рече дека во наредниот период ќе има покана до граѓаните да се вакцинираат.

"Нема причина да престанеме со вакцинацијата. Вакцинацијата е најефективната мерка досега, поефикасна од затворањето. Ги повикувам сите да аплицираат. Имунитетот стекнат со вакцината е веројатно поголем и подолготраен од оној по прележаната болест, „истакна Кон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер