Србија гласа на редовните претседателски, вонредни парламентарни и локални избори - Канал 5

Србија гласа на редовните претседателски, вонредни парламентарни и локални избори

Анкетите го исклучија факторот на изненадување.

Србија гласа на редовните претседателски, вонредни парламентарни и локални избори

Според проценките, претседателските избори во Србија ќе завршат уште во првиот круг, а актуелниот Претседател, Александар Вучиќ ќе ја однесе победата со над 60% од гласовите на своето конто. Покрај редовните претседателски избори, Србија денеска вонредно избира и Влада, а ќе се гласа и на локално ниво, односно за тронот на Белград и уште 12 општини. Од таборот на Вучиќ очекуваат победа и во овие битки. Шефот на државата го оствари своето гласачко право, па потоа порача дека е сигурен во убедлива победа.

-Верувам дека луѓето ќе одберат продолжување на економскиот напредок и тоа дека Србија може да биде помеѓу оние кои најбрзо во Европа растат, чија економија најбрзо расте во Европа. Верувам во значајна и убедлива победа и верувам дека секој ќе го добие толку, колку што заслужил и колку што сработил, вели Александар Вучиќ.

Вучиќ по гласањето влезе и во клинч со новинарите, бидејќи ги коментираше проценките на хрватските медиуми за изборите во Србија.

-Зошто сте нервозна? Зошто ме прекинувате? Ќе ми дозволите ли да и одговорам на дамата? Дали вие мене ми забранувате да говорам?

Претседателот на Собранието, како и на Социјалистичката партија, Ивица Дачиќ го исполни своето право на глас, а потоа ги повика сограѓаните да го искористат, како што вели денот на демократијата и да го дадат својот глас во согласност со тоа како тие сметаат дека Србија треба да изгледа во иднина.

-Очекувам и дека мојата листа, која што јас ја предводам, „Ивица Дачиќ – Премиер на Србија“ која што ја сочинуваат Социјалистичката Партија на Србија, Единствена Србија и „Зелените на Србија“ да има подобар резулат отколку на минатите избори и секако очекувам, нашиот претседателски кандидат Александар Вучиќ да победи во првиот изборен круг.

Изборите би требало да бидат празник за демократијата, а за жал со години не го славиме тој празник, порача Бошко Обрадовиќ, противкандидат на Вучиќ од опозициската партија Двери.

-Денешната демократија е доведена под знак прашање под актуелната власт, но се надевам дека денешниот ден е почеток на политичките промени во Србија, после 30 години владеење на „истите“ и дека ова моментот кога ќе тргне комплетната промена на корумпираниот правосуден и политички систем.

Од седмината противкандидати на Вучиќ за претседател, најдобро котира Здравко Понош, кој се очекува да добие околу 19 проценти од гласовите.

Она што е ново.. граѓаните на Косово нема да можат да гласаат во својата држава, па од утринава веќе со автобуси патуваат преку граница кон определените места каде што ќе можат да го дадат својот глас, односно во Тутин, Куршумлија, Рашка и Бујановац. Гласачките места ширум земјата се затвораат во 20 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. 

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта.

Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош.

Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија.

„Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“.

Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти.

„Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“.

Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер