Spice Girls ја почнаа турнејата без Викторија Бекам (ВИДЕО)

Четири од пет музичарки од мега популарниот состав од деведесетите вчера во Даблин ја почнаа светската турнеја.

Spice Girls , без Викторија Бекам го одржаа првиот од 13 концерти , на кои го промовираат својот нов албум "Spice Up Your Life". Ема Бантон , Џери Хорнер, Мелани Браун и Мелани Чишолм или Baby, Ginger, Scary and Sporty Spice прв пат по седум години заедно настапија во Кроук Парк во Даблин, каде се одржа и спектакуларниот огномет.

Речиси по две децении , откако групата се распадна , во февруари тие најавија дека сакаат повторно да настѕапат заедно.

Врвот на популарноста ја имаа во 1996 со песната "Wannabe", а го снимија и филмот "Spice World".

Составот се распадна во 2000 , а повторно се собраа во 2008 на турнејата низ САД и Европа.

Последен пат заедно настапија на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Викторија Бекам тогаш настапи заедно со нив.

Полскиот претседател предложи зајакнување на националниот одбранбен систем

Полскиот претседател Анджеј Дуда поднесе до парламентот нацрт-закон за зајакнување на одбранбената готовност, поради новите форми на закани од Русија, соопшти денеска Националната служба за безбедност (ББН).

Според предлогот, генералната и оперативната воена команда ќе се спојат во едно тело.

Нацртот предвидува и нови постојани одбранбени планови кои обезбедуваат способност на војската веднаш да одговори на ненадејни закани и има за цел да го подобри протокот на информации и координацијата меѓу цивилните и воените власти на Полска.

- Предлогот предвидува воведување промени во воените и невоените области, зајакнување на способноста за спротивставување на хибридните закани и директна вооружена агресија, се наведува во соопштението на ББН.

Се додава дека предлозите се „одговор на промените во безбедносното опкружување, вклучително и новите форми на закани од Руската Федерација насочени против Полска и другите земји од Европската унија и НАТО“.

Руската амбасада во Полска соопшти дека не е во можност да го коментира соопштението на ББН бидејќи не е запознаена со тоа на какви „нови“ и „стари“ облици на наводни закани од Руската Федерација насочени против Полска и други земји од ЕУ и НАТО се мисли.

Полска ги зголеми своите воени трошоци на над четири отсто од бруто домашниот производ, што е повеќе од препораките на НАТО. /МИА

Херцог: Омразата и антисемитизмот ги контаминираа американските универзитети

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска го осуди „застрашувачкото оживување на антисемитизмот“ во светот, особено во САД, каде „универзитетите се контаминирани со омраза и антисемитизам“.

„Угледните универзитети, центри за историја, култура и образование се контаминирани со омраза и антисемитизам“, рече Херцог.

Во американските универзитетски кампуси „со ужас гледаме како се слават и оправдуваат злосторствата врз Израел од 7 октомври“ минатата година, додаде израелскиот претседател.

Тој изрази поддршка за „браќата и сестрите, пријателите во кампусите и во еврејските заедници во САД и ширум светот“. /МИА

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, во понеделник на 6 мај Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Во понеделник во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер