Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
БалканСпецијализираните совети во Хаг им го продолжија притворот на Вејсели и КрасниќиСудскиот совет на Специјализираните совети во Хаг ги отфрли барањата за привремено ослободување на поранешните водачи на терористичката ОВК, Кадри Вејсели и Јакуп Красниќи.Судскиот совет на Специјализираните совети во Хаг ги отфрли барањата за привремено ослободување на поранешните водачи на терористичката ОВК, Кадри Вејсели и Јакуп Красниќи, на кои им се суди за воени злосторства, и нареди продолжување на нивниот притвор. Советот утврди дека сè уште постојат ризици обвинетите да ја попречат постапката или да извршат нови злосторства, објави веб-страницата на Специјализираните совети, пренесе Телеграф. Специјализираната обвинителка Кимберли Вест во своето образложение наведе дека постои ризик обвинетите да ги заплашуваат сведоците и потсети дека пресудата против четворицата поранешни водачи на таканаречената ОВК ќе биде изречена на 16 септември, така што продолжениот притвор не е непропорционален. Поранешните водачи на таканаречената ОВК, Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети врз основа на индивидуална кривична одговорност со шест точки за злосторства против човештвото и четири точки за воени злосторства. Тие се во притвор во Хаг од нивното апсење во ноември 2020 година. Терористичката ОВК изврши бројни злосторства, убиства и киднапирања во текот на 1998 и 1999 година против припадници на армијата и полицијата на тогашна Југославија, Срби и други неалбанци, како и Албанци кои не прифатија да бидат нејзини помагачи или членови.Тагови: Хагг Красниќи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook