1Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
МакедонијаСПЦ ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОАОд 9 часот во Соборниот храм во Скопје на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, се одржува заедничка утринска литургија на поглаварите на Македонската православна црква и на Српската православна црква.Патријархот Порфириј по денешното сослужување на заедничка литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, рече дека Соборот на Српската православна црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. – Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј. Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ му дал должност на Синодот, во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Потоа, додаде патријархот Порфириј, ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА. – Денес да се радуваме бидејќи денеска се радува целата црвка, се радуваат небото и земјата кога браќата се сакаат, кога го слават името на Господ, да се радуваме што по 55 години служевме света литуиргија прво во Белград, па во Скопје, два пати за само неколку дена, нагласи српскиот патријарх. Господ не поставил граници народот да се дели, продолжи во обраќањето патријархот Порфириј, туку границите значат можност секој народ подобро да се организира како свој посебен печат, посебни дарови што ги добил од Бога, ги умножувал, ја создал различноста и на секој му дал со свој личен печат да биде збогатен со другите, за да тогаш во заедница и убавина на сите народи сите да бидат едно. – Во едно сме единствени, во Христа сме едно, и навистина браќа и сестри, еден е Господ и една е црквата негова, една е верата наша и љубовта наша и затоа денеска неописливо се радуваме, бидејќи пред наши очи се случува чуидо и ние сме дел сме од тоа чудо, учесници на тоа чудо. Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх. Пред неколку дена во Белград, денес во Скопје служевме света литургија, повтори патријархот Порфириј и во Белград каде што имаше повеќе илјада луѓе и овде каде што сме собрани денеска видов радост, љубов во очите на сите нас, гледам обврска задача и порака на нас архиереите, а тоа е дека вашата љубов и вашите молитиви во Белград и овде го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо. – Да покаже дека разбираме дека сме едно, дека не можеме едни без други, дека сме едно тело, дека Христос е нашата нашата мерка и оти неговите заповеди се закон по кој сакаме да живееме. Дека тој е алфа и омега на нашето постоење и во историјата и во вечноста, додаде српскиот патријарх Порфириј. По објавувањето на радосната вест од страна на патријархот Порфириј, следеше долг и громогласен аплауз од верниците кои се наоѓаат во и околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски". Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од 9 часот во Соборниот храм во Скопје на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, се одржува заедничка утринска литургија на поглаварите на Македонската православна црква и на Српската православна црква,архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј. Повеќе за атмосферата од утринската литургијата од Михајло Видимлиски повели михајло со информациите.? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаСе огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукотВселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија.Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција во својата прва изјава откако вселенското летало „падна од небото“. Телескопот од 1.452 килограми (3.000 фунти) падна како што се очекуваше, помалку од три месеци откако не успеа спасувачката мисија за враќање на телескопот во повисока орбита и продолжување на неговиот век, објави Ројтерс. Сателитот што го носеше телескопот падна во горната атмосфера на Земјата со брзина од околу 22 пати поголема од брзината на звукот над индонезиската покраина Северна Суматра, околу 200 милји (322 километри) северно од екваторот. НАСА соопшти дека топлината од триење при повторното влегување го изгорела поголемиот дел од сателитот далеку над површината на Земјата, но дека некои фрагменти го преживеале падот и дека немало штета или повредени на земјата од деловите што паднале.Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата. Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter