БалканСпасувачка драма на автомобил во Неа МудањаНа грчката плажа Неа Мудања спасувачка драма на авотомобил.Сопственик на автомобил го нашол својот автомобил како плива во водите на Eгејското море. Тој најверојатно не ја повлекол рачната сопирачка и автомобилот завршил во морето. За среќа во целиот инцидент нема повредени, а автомобилот бил изваден на копно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПремиерката на Исланд со реакција по референдумот: Ова не го сметам за пораз Граѓаните на Исланд на референдум одлучија да не започнат преговори за приклучување кон Европската Унија.Според податоците објавени од јавниот радиодифузен сервис RUV во неделата, откако беа преброени повеќето гласови, опцијата „против“ доби 52,8 проценти, додека 47,2 проценти од гласачите гласаа за започнување преговори, објавува The Guardian. Реакција на премиерката Владата во Рејкјавик, која го предложи референдумот, водеше кампања за почеток на преговорите. Премиерката Криструн Фростадотир изјави пред гласањето дека тоа е можност „сега или никогаш“ и дека негативниот исход трајно ќе ја заврши дебатата за членство. По објавувањето на резултатите, таа рече дека се надева дека гласањето нема да создаде поделби во општеството. „Не го гледам ова како пораз. Знам дека некои луѓе се во шок, но разговарав со голем број граѓани низ целата земја и луѓето се отворени за различни исходи“, изјави Фростадотир за RUV. Таа призна дека многумина во Исланд, особено во руралните средини, се загрижени за влијанието на членството врз земјоделството, рибарството и природните ресурси. „Ветувам дека ќе се справиме одговорно со тие теми и ќе ги почитуваме тие стравови“, рече таа. Аргументи во кампањата Застапниците на приклучувањето кон ЕУ тврдеа дека членството може да донесе пониски каматни стапки и да обезбеди поголема безбедност во контекст на војната во Украина и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за анексијата на Гренланд. Од друга страна, противниците истакнаа дека членството би го загрозило суверенитетот на земјата и нејзините води богати со риба. Исходот од референдумот го поздрави лидерката на француската десница, Марин Ле Пен. Одгласи од Европа „Во време кога некои се залагаат за посилен федерализам и пренос на суверенитетот на Европската комисија, ова гласање нè потсетува дека е можна поинаква Европа - Европа на слободни, суверени нации кои доброволно соработуваат по прашања од заеднички интерес“, напиша Ле Пен на социјалната мрежа X. Лидерот на британската партија „Реформа на Велика Британија“, Најџел Фараж, објави на истата платформа: „Му честитам на Исланд што гласаше за зачувување на својата независност“. Долготрајна дебата Исланд првпат аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, откако финансиската криза силно ја погоди економијата на земјата. Евроскептичната влада ги прекина тие преговори во 2013 година. Геополитичките превирања, вклучувајќи ја војната на Блискиот Исток и американските увозни тарифи, повторно го разгореа прашањето за кое Исланѓаните дебатираат повремено со децении.Тагови: Исланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПадобранец „се обеси“ на високонапонски далновод- драма во Романија (ВИДЕО)Единаесет припадници на романската армија скокнаа од авион, но ветерот одеднаш го смени правецот.Еден од падобранците се заглави на далновод, додека другиот слета на соларни панели, пишува порталот Observatornews.ro. Инцидентот се случил во четврток, кратко по 16 часот, во близина на аероклубот во Тргу Муреш, каде што 11 припадници на армијата учествуваа во вежба со падобран. Временските услови првично изгледаа поволни за таква операција, со брзина на ветерот од околу 5 метри во секунда. Сепак, откако војниците го напуштија авионот и ги отворија своите падобрани, времето нагло се промени. Брзината на ветерот достигна дури 16 метри во секунда, повеќе од три пати поголема од нормалната брзина, што значително им го отежна слетувањето. Едниот падобранец беше однесен од силни налети на ветер кон високонапонски далноводи, каде што се заглави, додека другиот беше однесен на покривот на метална сала, на фотоволтаични панели. Исплашените очевидци, кои виделе што се случило, се јавиле на 112. Војникот кој се заглавил меѓу далноводите успеал да се ослободи и безбедно да слета на земја. Двајцата падобранци биле префрлени во болница со амбулантни возила на SMURD, но лекарите утврдиле дека имале голема среќа и дека нивните животи не се во опасност. Војникот кој завршил на покривот од салата претрпел повреда на ногата и бил пуштен дома, додека другиот, кој се заглавил на високонапонските далноводи, бил задржан на набљудување .Тагови: падобранец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се 18 возачи за безобѕирно возење- деветмина возеле пијани, седуммина без возачка18 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ – деветмина возеле под дејство на алкохол, седуммина без положен возачки испит, двајца со забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторени прекршоци од областа на сообраќајот, односно за „безобѕирно управување со возило“. Од нив, девет возачи управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Штип, Прилеп, Демир Хисар, Битола, Куманово и Неготино. Кај возач од Куманово биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта, при што тој агресивно се однесувал кон полициските службеници, додека возач од Демир Хисар, кај кого биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода. Седум возачи управувале возило без положен возачки испит, од Куманово, Скопје, Битола, Гостивар и Општина Чашка. Меѓу нив се и двајца малолетници, од кои едниот управувал патничко возило, а другиот мотоцикл. Во истиот период, полициски службеници сопреле и двајца возачи, од Куманово и Скопје, кои управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесното и неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, одговорното однесување и целосното почитување на изречените мерки се од особено значење за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook